И јас сум Слоу Фуд: НАЌО КИМОВ

👨‍🏫Животниот пат на Наќо Кимов, инжинер-агроном е испреплетен со љубовта кон знаењето и храната. Својата професионална кариера ја посветил на едукација, како професор по стручни предмети во средното земјоделско училиште во Валандово: генерации ученици научиле не само како се одгледува храна, туку и како се почитува нејзината вредност.

🥣Во домот на Наќо отсекогаш се готвело според старите рецепти, пренесувани по женската линија – од прабаба до баба и мајка. Почесно место имаат зимниците, тие тивки личотии на трпезата, подготвувани на најдобар и најсигурен начин за да можат да се користат цела година.

🗣”Слоу фуд овозможува да ја обновиме традицијата и денес да ја приготвуваме и да ја преставиме на сегашните генерации.“

🐌 Како лидер на Slow Food – Valandovo, Наќо ја става локалната храна на пиедестал – особено достапноста на органско овошје, обележје на неговиот град – калинката, и преработката на слатко од дива зелена смоква, со сите белези на идентитетот.

🧑‍🌾Инаку, Кимов беше меѓу најгласните активисти против отворањето на рудникот Казандол, предупредувајќи дека ќе ја загади храната и ќе ги загрози малите производители. Патем, најголемата инспирација на овој вреден човек е да се даде глас на малите земјоделци, да се охрабрат, да го пронајдат своето место на пазарот и да бидат вреднувани.

🎯Ова е причината зошто НИЕ сме Слоу Фуд.

Ние НЕ консумираме.

Ние избираме.

Ние сме Слоу Фуд

Сите заедно, можеме да го ПРОМЕНИМЕ светот почнувајќи од храната.

Придружи ни се!

Биди и ТИ дел од Слоу Фуд

https://shorturl.at/umRpg

🔺️Слоу Фуд ги инспирира луѓето да ја препознаваат префинетоста во едноставноста. Добрите состојки од малите локални производители, набрани директно од природата зборуваат самите за себе. Вкусно е, Слоу Фуд е!

💪Кампањата се реализира со финансиска подршка од Шведска и We Effect.

Embassy of Sweden in Skopje We Effect Europe

СЛОУ ФУД САЛОН: ВКУСОВИ ШТО ГИ НАСЛЕДИВМЕ, ПРИКАЗНИ ШТО ГИ ЧУВАМЕ

Македонија е земја на мераци, софри, гурманлуци и ќефови....

SLOW FOOD САЛОН 2026: ХРАНА ЗА СИТЕ!

📅 28 ноември, Хотел Континентал ✅️ Начинот на кој...

Сподели