👨🏫Животниот пат на Наќо Кимов, инжинер-агроном е испреплетен со љубовта кон знаењето и храната. Својата професионална кариера ја посветил на едукација, како професор по стручни предмети во средното земјоделско училиште во Валандово: генерации ученици научиле не само како се одгледува храна, туку и како се почитува нејзината вредност.
🥣Во домот на Наќо отсекогаш се готвело според старите рецепти, пренесувани по женската линија – од прабаба до баба и мајка. Почесно место имаат зимниците, тие тивки личотии на трпезата, подготвувани на најдобар и најсигурен начин за да можат да се користат цела година.
🗣”Слоу фуд овозможува да ја обновиме традицијата и денес да ја приготвуваме и да ја преставиме на сегашните генерации.“
🐌 Како лидер на Slow Food – Valandovo, Наќо ја става локалната храна на пиедестал – особено достапноста на органско овошје, обележје на неговиот град – калинката, и преработката на слатко од дива зелена смоква, со сите белези на идентитетот.
🧑🌾Инаку, Кимов беше меѓу најгласните активисти против отворањето на рудникот Казандол, предупредувајќи дека ќе ја загади храната и ќе ги загрози малите производители. Патем, најголемата инспирација на овој вреден човек е да се даде глас на малите земјоделци, да се охрабрат, да го пронајдат своето место на пазарот и да бидат вреднувани.
🎯Ова е причината зошто НИЕ сме Слоу Фуд.
Ние НЕ консумираме.
Ние избираме.
Ние сме Слоу Фуд
Сите заедно, можеме да го ПРОМЕНИМЕ светот почнувајќи од храната.
Придружи ни се!
Биди и ТИ дел од Слоу Фуд
https://shorturl.at/umRpg
🔺️Слоу Фуд ги инспирира луѓето да ја препознаваат префинетоста во едноставноста. Добрите состојки од малите локални производители, набрани директно од природата зборуваат самите за себе. Вкусно е, Слоу Фуд е!
💪Кампањата се реализира со финансиска подршка од Шведска и We Effect.
Embassy of Sweden in Skopje We Effect Europe


