ИСТРАЖУВАЊЕ НА СЛОУ ФУД МАКЕДОНИЈА: МАЛИТЕ ПРОИЗВОДИТЕЛИ СЕ ДВИГАТЕЛИ НА ЛОКАЛНАТА ХРАНА, ЕКОНОМИЈА И ИДНИНА

⛩ Партнерството со малите производители на храна е од суштинска важност за нас како организација. Секогаш ги имаме во фокусот нивните потреби, бидејќи тие се еден од главните столбови на нашите заложби за изградба на правичен систем на храна.

👂 Сакајќи да ја разбереме нивната пулсирачка реалност – нивните желби, стравови, предизвици и визии – креиравме анкетен инструмент, внимателно дизајниран и реално прилагоден. Во првичниот период со анкетата опфативме испитаници само од редовите на членството. Но, таа е наменета и за оние кои не се членови и истата може да ја пополнат на следниот линк https://forms.gle/t8wjDcf9eL6cY4Tn8

⏳ Истражувањето ги мапира и предизвиците поврзани со регистрацијата во АХВ и подготвеноста за формализација и дава длабок и искрен поглед кон македонското земјоделско производство.

💪 Формализацијата – меѓу мотивацијата и бирократијата

Дури 74% од анкетираните се веќе регистрирани или активно размислуваат за регистрација во Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) – податок што е мошне охрабрувачки. Регистрацијата за нив значи повеќе од формалност: тоа е пат до пазарот, зголемена доверба од потрошувачите и секако, заштита.

🧑‍🌾 Едукација со смисла, а не памфлет. Она што анкетираните го бараат од обуки не се долгите презентации и ППТ-а без живот. Тие сакаат работилници лице-в-лице, практични демонстрации и – најважно – размена на искуства со други производители. Темите што најмногу ги интересираат се многу јасни: економија и профитабилност, брендирање и маркетинг, етикетирање, регулаторна усогласеност.

🔄 Поддршка што трае а не проекти што згаснуваат. Анкетата јасно го сигнализира тоа што многумина одамна го знаат: на производителите не им треба еднократна помош, туку систем на континуирана поддршка. Менторство, вмрежување, асистенција при аплицирање за финансии, административна поддршка – тоа се работите што реално го менуваат секојдневието на малите производители.

💻 Податоците како жив инструмент за промена. Инаку анкетата е потенцијално континуиран механизам за следење и подобрување. Со едноставна комбинација од Google Forms и Excel, СФМК креираше модел кој овозможува: лесно ажурирање на податоци, автоматска обработка на резултати, визуелизација на трендови, и мерење на ефектите од интервенциите.

🧑‍💼 Оваа активност се реализираше со финансиска подршка од We Effect, Шведска, како дел од проектот „Зајакнати капацитет на СФМК за агроеколошка трансформација“ спроведуван од Слоу Фуд Македонија.

Embassy of Sweden in Skopje We Effect Europe

🎯 Кон што води ова сето?

Малите производители не бараат чуда. Бараат да бидат слушнати, очекуваат почит и конкретна, човечка поддршка. И токму тоа е мисијата што Слоу Фуд Македонија ја превзема со оваа анализа – да гради силна, поврзана и поддржана мрежа на локални производители, за одржлива иднина што буквално има вкус.

СЛОУ ФУД САЛОН: ВКУСОВИ ШТО ГИ НАСЛЕДИВМЕ, ПРИКАЗНИ ШТО ГИ ЧУВАМЕ

Македонија е земја на мераци, софри, гурманлуци и ќефови....

SLOW FOOD САЛОН 2026: ХРАНА ЗА СИТЕ!

📅 28 ноември, Хотел Континентал ✅️ Начинот на кој...

Сподели