Едукативните материјали создадени и развиени од тимот за едукација на Слоу Фуд Македонија претставуваат поддршка за реализација на изборниот предмет – Едукација за одржлива иднина. Тие се темелен ресурс со визија и насока за одржлив развој и општествена одговорност.
Преку практични и креативни активности, овие материјали ги ангажираат учениците на ниво кое ги надминува традиционалните рамки на учењето— претворајќи го знаењето во дејствување.
Содржините се дизајнирани внимателно, со грижа за возраста и развојните потреби на учениците, и можат да се применат:
🔺️Во рамки на училишните секции, каде младите истражуваат теми поврзани со здрава исхрана, локално производство и екосвесност;
🔺️Кај најмладите ученици, преку слободни ученички активности што ги воведуваат во светот на одржливите навики и грижата за природата;
🔺️Во различни вон наставни активности- училишни кампањи, тематски работилници или еко-проекти;
🔺️Како поддршка на ученички иницијативи, што ја промовираат етичката и потрошувачка одговорноста кон заедницата и зачувувањето на животната средина.
Овие материјали можат да се наречат катализатори на промена, бидејќи го поттикнуваат критичкото размислување, ја негуваат креативноста и го охрабруваат активното учество на учениците во градењето на подобро утре. Младите се повикуваат да размислуваат за последиците од сопствените избори, да креираат решенија и да преземаат конкретни чекори кон позитивна трансформација на својата заедница и пошироко.
💪Ги охрабруваме сите едукатори, наставници и училишни тимови да ги вклучат материјалите “Едукација за одржлива иднина” во своите практики. На тој начин, заеднички ќе придонесеме кон создавање на поедуцирана и поодговорна генерација .
#СлоуФудМакедонија #училишниградини #едукација #новигенерации
#здравапланета
➡️Линк до програмата „Едукација за одржлива иднина“ на Бирото за развој на образование: https://shorturl.at/axwbQ
Симнете ги прирачниците на следните линкови:
1.Meтодологија на едукацијата во Слоу Фуд: https://shorturl.at/LlX4t
2.Подигнување на Училишни градини: https://shorturl.at/sVeI1
3.Настава во Училишни градини: https://shorturl.at/Mfb0D
4.Календар со активности во Училишни градини: https://shorturl.at/2zxeQ
5.Работна тетратка за Училишни градини: https://shorturl.at/AL5RZ
6.Дизајн на училишни градини: https://shorturl.at/brtUt


