МЛЕКО 2025: ГЛАСОТ НА СТОЧАРИТЕ

Кај нас не се седнува на софра без парче сирење. А и не може да се зборува за вкус, без да се спомнат луѓето што го создаваат – оние што стануваат порано од сонцето, ги чуваат стадата, а времето го мерат не во сати, туку во литри млеко и љубов. Затоа се вели: зад секое добро сирење стои добар човек.

📅Во чест на тие луѓе, во сабота, на 13 септември, во срцето на Прилеп, повторно ќе се одржи “Млеко 2025” – седмото издание на манифестацијата што го слави млекото, но и уште повеќе – оние што стојат зад него.

На платото кај Градскиот саат, целиот град ќе заживее во ритмот на добриот занает и вкусот што не се заборава.

🧀Во текот на денот, производителите од цела Македонија ќе ги донесат своите најдобри сирења – бели, жолти, зрели, свежи, биени – заедно со млека, изварки и кашкавали.., кои не само што ќе можете да ги дегустирате, туку и да ги запознаете луѓето што ги прават.

🍖До нив, дваесетина изложувачи ќе понудат производи што природно одат со сирење – домашен леб, мед, вино, сувомеснати деликатеси, зачини, овошја, џемови, сушени зеленчуци…, – вкусови што зборуваат на својот јазик.

🎨Посебни активности се планирани за најмладите, кои ќе можат да учествуваат во креативната работилница „Ние во чизмите на сточарот“, со Гоце Бумбаровски, каде преку игра и учење ќе ја почувствуваат тежината и убавината на сточарскиот живот. Ќе биде поставена и изложба од ученички проекти инспирирани од храната и земјата – уште еден начин да се запознаеме со размислувањата на новите генерации за храната, како идни чувари на земјата.

🕔Во попладневниот дел од програмата, од 14 до 16 часот, ќе се одржи конференцијата „Гласот на сточарите“ – простор каде ќе се отворат две клучни теми, со присуство на претставници од државните институции.

📌Првата е Регистрација на производство и продажбата од куќен праг: зошто домашното сеуште се сретнува со административни пречки и како легално и достоинствено да стигне до потрошувачот.

📌Втората е прашањето на човечките капацитети во сточарството – има ли иднина за оваа професија ако младите не ја прегрнат? Модераторите и учесниците ќе зборуваат од терен, искрено и со искуство.

🎻За разгалување на чувствата е задолжена староградската музика на групата Романса, кои и оваа година ќе внесат доза нежност, спомен и лирика меѓу зборовите.

🌅А кога ќе се спушти денот, на Камената бина ќе се случи нешто што ја носи суштината на современиот активизам во храна – Диско Супа.

🥣Готвена од храна што инаку би завршила во ѓубре, оваа супа е симболична, вкусна и со порака. Ќе ја готват шеф Маре Јаневска од Алијансата на готвачи на Слоу Фуд и младите активисти од Слоу Фуд Млади Македонија.

🐌Токму годинава, се чувствува посебна енергија на настанот – се појавува нова генерација активисти на организацијата, кои со страст, идеи и гласно срце ја носат приказната на „Млеко“ кон нови хоризонти.

🎶 И, додека супата ќе се крчка, сцената ќе ја оживеат Јана Мрческа и Баже – со песна, ритам и младешка енергија ќе ја затворат вечерта со порака што не треба да се заборави: храната е премногу вредна за да се фрла.

➡️Денот посветен на “Млеко 2025” е за оние што создаваат вкус од и со љубов, што го организира Slow Food Prilep со подршка на Slow Food Macedonia. Тоа е сцена за тивките херои на нашето секојдневие.

💪Манифестацијата се реализира со финансиска подршка од Шведска и We Effect Europe, Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство и Општина Прилеп.

Ве очекуваме во сабота!

СЛОУ ФУД САЛОН: ВКУСОВИ ШТО ГИ НАСЛЕДИВМЕ, ПРИКАЗНИ ШТО ГИ ЧУВАМЕ

Македонија е земја на мераци, софри, гурманлуци и ќефови....

SLOW FOOD САЛОН 2026: ХРАНА ЗА СИТЕ!

📅 28 ноември, Хотел Континентал ✅️ Начинот на кој...

Сподели