ГЛАСОТ НА СТОЧАРИТЕ ОД ” МЛЕКО 2025″ ЗАВРШИ СО ВКУС И ВИЗИЈА

🗣„Без сточарите – селата ќе бидат празни, а трпезите – посиромашни. Ние како Слоу Фуд Прилеп сакаме да бидеме мост меѓу производителите и институциите, меѓу сточарите и купувачите. Нашата мисија е вкусот да добие лице, име и приказна,“ – изјави Наумоска Димески, претседателка на Слоу Фуд Прилеп, на седмото издание на „Млеко: Гласот на сточарите”.

🧀Овој викенд, платото кај Градскиот саат во Прилеп заживеа во ритмот на занаетот и добриот вкус.Се случуваше омилена манифестација која прераснува во традиција.

📌На “Млеко” присуствуваше и Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, кој истакна дека интенцијата и заложбата на Министерството е преку финансирање на ваков вид настани да се промовираат домашните преработки на земјоделски производи, да се развие локалниот туризам и да се поддржат здруженијата кои постојат на ниво на државата.

☀️Центарот на Прилеп мирисаше на свежо сирење, изварка, кашкавал…., имаше насмевки, прашања, дегустации, запознавања – но, доминираше добра атмосфера: илјадници посетители го почувствуваа духот на луѓето кои го претвораат млекото во уметност.

🐌Во духот на Слоу Фуд, секој производ имаше приказна, секое залче – почит, а секој производител – глас.

„Храната не е само потреба – таа е култура, традиција и иднина. И затоа велиме: храна што вреди, не се брза” – велат од тимот на СФ Прилеп.

🗣„Во иднина ќе биде потребно ревидирање на ограничувањето од 100 литри млеко дневно, имајќи го предвид економскиот аспект и фактот дека оваа количина може безбедно да се преработи без голема опременост. Исто така, сè уште постојат стереотипи и нејаснотии кај производителите околу условите за регистрација, како и различни толкувања на правилникот од страна на надлежните тела”- на Конференцијата : Гласот на сточарите, резимираше Елена Каровска-Гошевска од Слоу Фуд Македонија.

🎨Со креативните детски работилници, изложбата на ученички проекти, вкусната и симболична Диско Супа, и музичката програма, „Млеко 2025“ уште еднаш потсети дека храната не е само производ – туку и емоција и општествена вредност што треба да се негува.

📌 Настанот беше организиран од Slow Food Prilep, со поддршка од Slow Food Macedonia.

💪Манифестацијата се реализира со финансиска подршка од Шведска и We Effect , Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, и Општина Прилеп.

СЛОУ ФУД САЛОН: ВКУСОВИ ШТО ГИ НАСЛЕДИВМЕ, ПРИКАЗНИ ШТО ГИ ЧУВАМЕ

Македонија е земја на мераци, софри, гурманлуци и ќефови....

SLOW FOOD САЛОН 2026: ХРАНА ЗА СИТЕ!

📅 28 ноември, Хотел Континентал ✅️ Начинот на кој...

Сподели