УТРЕ ВО БРА, ИТАЛИЈА, ЗАПОЧНУВА НАЈПОЗНАТИОТ ФЕСТИВАЛ НА СИРЕЊЕ: CHEESE 2025

🧀 Од утре, 19 па сè до 22 септември, романтичниот град Бра, во регионот Пиемонт, повторно ќе го живее својот највкусен период од годината со одржувањето на фестивал Cheese 2025, најголемиот интернационален настан посветен на сирењата од сировото млеко и занаетчиско производство.

🐌Фестивалот, организиран од глобалното движење Slow Food и општината Бра, годинава го одбележува своето 15. издание, и ќе собере над 400 производители од целиот свет.

🎉На улиците и плоштадите на Бра ќе се претстават сирења од Италија, Франција, Германија, Ирска, Португалија, Шпанија, Холандија, Швајцарија, Шведска, Чешка, Словачка, Англија и многу други земји.

Настанот ги најавува следните содржини:

🔶️Пазар на сирења (Mercato dei formaggi)

🔶️Сензорни лаборатории за дегустација и анализа

🔶️Едукативни работилници

🔶️Симпозиуми и дискусии на тема : Одржливо сточарство и биодиверзитет

🔶️Активности за деца и семејства

🟠️Во фокусот на Cheese 2025 е пристап на екосистемот во производството — пасишта, автохтони раси, мали производители, сирово млеко и храна која има приказна.

Овој гастрономски настан е и платформа за заштита на културното и биолошко наследство на сирењето.

📌И тоа не е се! Во рамките на Cheese 2025 ќе се одржи и првиот национален натпревар за млади производители на сирење – Giovani Casare e Casari, каде “сираџиите” од Италија ќе се натпреваруваат во знаење, техника и креативност.

👨‍🍳Исто така, Универзитетот за гастрономски науки (UNISG) ќе има свој штанд и програма на настани, дегустации и едукативни сесии.

🇲🇰 Инаку, и Македонија има значајно учество на овој фестивал: на Cheese 2023, со преставување на неколку автентични производители на овчи и козји сирења.

🏆Давид Неделковски- Кози, млеко, планина, од селото Раштак ја доби престижната награда “Resistenza Casearia”, признание што се доделува на сираџии со исклучителна истрајност и посветеност во производство на сирења од сирово млеко, со почит кон традицијата, животната средина и благосостојбата на животните.

СЛОУ ФУД САЛОН: ВКУСОВИ ШТО ГИ НАСЛЕДИВМЕ, ПРИКАЗНИ ШТО ГИ ЧУВАМЕ

Македонија е земја на мераци, софри, гурманлуци и ќефови....

SLOW FOOD САЛОН 2026: ХРАНА ЗА СИТЕ!

📅 28 ноември, Хотел Континентал ✅️ Начинот на кој...

Сподели