СИРЕЊЕТО ЗБОРУВА ЗА ЗЕМЈАТА, ЛУЃЕТО И МИРОТ– CHEESE 2025 ВО ЗНАК НА ПОРАКАТА НА ПЕТРИНИ

🧀Во Бра, Пиемонт, започна 15-то издание на меѓународниот фестивал Cheese, еден од најзначајните светски настани посветени на сирењето направено од сирово млеко.

Фестивалот повторно го претвори овој мал град во срцето на глобалната заедница на занаетчиските производители на сирење, љубителите на добрата храна и поддржувачите на одржливото земјоделство.

🗣Свеченото отворање го предводеше Карло Петрини, основачот на движењето Slow Food, кој со својот говор постави јасна порака: дека храната, културата и правдата се неразделни. Тој укажа на неопходноста од образовни политики за исхрана, кои ќе ги научат луѓето да ја ценат вредноста на сирењата од сирово млеко и ќе ја разберат разликата меѓу индустриското и занаетчиското производство.

Петрини остро се спротивстави на се построгите регулативи што ги загрозуваат малите производители, особено оние кои користат сирово млеко, предупредувајќи дека не треба да се дозволи законите да ја уништат традицијата. Во својот говор се осврна и на светските конфликти и гладта, нарекувајќи ја “непростиво” оружје.

💪Затоа пак, Cheese е место на мир, дијалог и соживот, каде храната се слави како култура, а не како профит. Петрини ги истакна и студентите на Универзитетот за гастрономски науки во Поленцо, велејќи дека нивното присуство – повеќе од 6.000 млади од преку 100 земји – е доказ дека иднината на храната може да биде праведна и одржлива.

🎉Градот Бра веќе со години е домаќин на овој уникатен фестивал, кој се одржува на секои две години и ја слави културата на сирењето, пасиштата и малите производители.

👏Ова издание на Cheese собра над 400 изложувачи од 14 земји, од кои 90 се дел од Президиумите на Slow Food – кои штитат локални производи, раси, техники и култури што се во опасност од исчезнување.

🎯Настанот нуди преку 350 настани – дегустации, лаборатории за вкус, конференции, едукативни средби, работилници и културни настани. Програмата е отворена и достапна за сите, бидејќи влезот е бесплатен, што е едно од основните начела на Cheese: да биде слободен простор за споделување знаење, традиција и гастрономска радост.

🍯Покрај сирењето, посетителите имаат можност да вкусат и други традиционални производи – мед, мирудии и вино, но и производи од волна и ракотворби, поврзани со сточарството и планинските заедници.

СЛОУ ФУД САЛОН: ВКУСОВИ ШТО ГИ НАСЛЕДИВМЕ, ПРИКАЗНИ ШТО ГИ ЧУВАМЕ

Македонија е земја на мераци, софри, гурманлуци и ќефови....

SLOW FOOD САЛОН 2026: ХРАНА ЗА СИТЕ!

📅 28 ноември, Хотел Континентал ✅️ Начинот на кој...

Сподели