🙋👨🏫 Slow Food Macedonia, на Меѓународниот ден на детето, потсетува на детското право на здрава, чиста и правична храна.
✅️Конвенцијата за правата на детето (1989) го истакнува правото на здравје, квалитетна исхрана и соодветни услови за развој.
Со години во училиштата од мрежата на Slow Food Училишни Градини учениците се запознаваат и учат што значи добра, чиста и правична храна, како да се поврзат со природата и зошто е таа важна за нивното здравје.
👨💻Преку активности, критичко размислување и креативни постери, децата го изразуваат својот глас и ја развиваат благодарноста кон храната и трудот зад неа.
✅️По тој повод, денес преставниците на Slow Food Vodno го посетија ООУ Петар Поп Арсов во Скопје.
Под слоганот : Децата имаат право на добра, чиста и правична храна, е одржана работилница под водство на наставничката Олгица Бајалџиева.
Учениците првин слушнаа предавања а потоа од многуброен едукативен материјал, инспирирани, направија постер на кој ја испишаа својата Декларација.
✅️И Slow Food Bitola денес го одбележа Светскиот ден на детето.
Училиштата кои се дел од мрежата на Slow Food ја прославија оваа важна дата преку активности посветени на детското право на здрава, чиста и правична храна.
👩🏫Децата од ООУ Св.Кирил и Методиј од Битола учеа за важноста на храната што го храни и телото и умот – храна што доаѓа од природата, од трудот на луѓето кои треба да бидат почитувани и фер платени, и храна која треба да биде достапна за секое дете.
🟩Од сетилни игри до креативни постери и разговори за фер системи на храна – денес децата учеа дека храната е дел од нивните права, а не само потреба.
🐌Во духот на Slow Food, ги поттикнуваме младите да го ценат она што го јадат, да се поврзат со природата и да ја препознаат вредноста на заедницата која стои зад секое залче.














