✅️На 13 декември, во рамките на Слоу Фуд салонот– Слоу Фуд Арена, нов, динамичен концепт осмислен како простор каде што ќе се пласираат идеи, ќе се отвораат прашања и ќе се водат отворени разговори за теми што ја обликуваат нашата врска со природата и храната.
1️⃣ 12-14часот: ЕДУКАЦИЈА ЗА ОДРЖЛИВА ИДНИНА
👨💻Првиот форум ја нагласува важноста на образованието што започнува од директниот контакт на учениците со природата. Програмата „Едукација за одржлива иднина“, развиена од тимот на Slow Food Macedonia, ја претвора училишната градина во вистинска училница под отворено небо. Таму, децата учат преку искуство: ги следат природните циклуси, ги откриваат основите на одгледувањето храна и ја разбираат логиката на одржливото живеење.
🌿Втемелена врз долгогодишната иницијатива „Училишни градини“ им помага на децата да развиваат одговорност, соработка и грижа за својата заедница. Во тие градини растат и растенија и генерации што созреваат со свеста за природата и со знаење што има реална вредност за нивната иднина.
2️⃣14-16 часот: ХРАНА ПРОИЗВЕДЕНА ВО СОГЛАСНОСТ СО ПРИРОДАТА
👨🌾Вториот форум зборува за агроекологијата – модел што повторно го воспоставува природниот баланс во производството на храна. Агроекологијата не е само систем на одгледување култури, туку целосен пристап што ја обединува екологијата, агрономијата и социјалната правда. Таа се потпира на биолошка заштита, зачувување на биодиверзитетот и практики што го следат природниот ритам.
🐄Со тоа се зајакнуваат земјоделците, се намалува зависноста од хемиски препарати и се вреднува традиционалното знаење пренесувано низ генерации. Пример за овој пристап се Слоу Фуд Фарми каде што човекот, животните и природата живеат во хармонија.
🍅Тие се модели за тоа како одржливото земјоделство може да функционира денес, создавајќи здрава, правична и природна храна.
3️⃣ 16-18 часот СЛОУ ФУД ТРАВЕЛ
🚗Третиот форум ја следи филозофијата на Slow Food: почит кон земјата, локалната култура и автентични вкусови.
🍽Во таа насока Слоу Фуд Македонија ги препорачува Слоу Фуд гостилниците, места што ја чуваат душата на локалната кујна, препознатливото гостопримство и се со пријатен амбиент.
🥂 Вината по критериумите на Slow Wine се патоказ кон најинтересните македонски винарии, за да љубителите на виното ја запознаат најдобрата македонска винска сцена, предизвик за авантура, каде се чуствува почит кон лозата, одржливите практики и желба да се вкусат вина што го пренесуваат карактерот на тероарот.
Хотел Континентал, Скопје
сабота 13.12.2025, 11-20 часот
Slow Food Салон 2025 ќе се организира со финансиска поддршка на Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство и шведската организација We Effect


