ПЛOШТАД ЗА ВМРЕЖУВАЊЕ

Настанот просторно ќе започнува од плоштадот за вмрежување. Таму ќе ве пречекаат:

АРНО – здружението за социјални иновации основано во македонскиот граѓански пејсаж во 2013-та година. Здружението ја започна својата работа со наоѓање решенија за големи глобални предизвици, преку мали, локални акции. АРНО стана препознатливо како пионер во полето на социјалното претприемништво и како национален извор за подигање на свеста и инспирација во полето на зелено претприемништво. Но, АРНО се и забавни, па на нивниот штанд ќе можете да учествувате и во бинго игра, да освојувате симболични награди или да се поврзете со знаење што го создале во нивните вмрежувања од европската мрежа.

LITTLE BIG FOUNDERS кои имаат повеќе од 15 години искуство во поддршка на бизниси, стартапи и инвеститори, LittleBig Founders ја препознава моќта на раното запознавање со претприемништвото како начин децата да стекнат важни вештини за иднината. Во LittleBig Founders, веруваат дека секое дете носи во себе потенцијал за креативност, иновација и лидерство. Нивниот тим, составен од искусни претприемачи, едукатори и ментори, е посветен на развојот на претприемачкиот дух кај децата и младите.

БАЛКАНИЈА – асоцијацијата за балкански алтернативен туризам која ја сочинуваат членки од осум земји од Балканот. Нејзините активности вклучуваат реализација на проекти од областа на туризмот, со цел да се промовира целиот балкански регион како туристичка дестинација.

ФАРМАХЕМ – приватна компанија со над 30-годишно искуство во областа на трговија со лабораториска опрема и еколошки консалтинг. Понудата на Фармахем опфаќа богато портфолио на лабораториска опрема и инструменти, реагенси и потрошен лабораториски материјал, средства за дезинфекција и чистење, култури и адитиви за прехранбената индустрија, громобрани, лекови и сл., а на настанот ќе ни ја презентираат опремата за производство на пиво во домашни услови и микро пивари.

SLOW FOOD САЛОН 2025: ЗАЕДНО СО ПРИРОДАТА!

📍Хотел Континентал, Скопје, сабота, 13.12 2025, 11-20 часот

ВЛЕЗНИЦИ може да си купите преку Онлајн продажба: https://mktickets.mk/event/sl25/ или на влез на настанот,

Цена: 200 денари

*за членови на Слоу Фуд влезот е бесплатен

📌Slow Food Салон 2025 ќе се организира со финансиска поддршка на Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство и шведската организација We Effect

СЛОУ ФУД САЛОН: ВКУСОВИ ШТО ГИ НАСЛЕДИВМЕ, ПРИКАЗНИ ШТО ГИ ЧУВАМЕ

Македонија е земја на мераци, софри, гурманлуци и ќефови....

SLOW FOOD САЛОН 2026: ХРАНА ЗА СИТЕ!

📅 28 ноември, Хотел Континентал ✅️ Начинот на кој...

Сподели