11.30 Отворање на настанот и поздравни говори
1. Саем на мали производители – Свечена сала
11.00-20.00 Изложба на храна од мали производители
2. Салон на пијалаци – Кристална сала
11.00-20.00 Изложба на семејни винарии, дестилерии и занаетчиски пивари
3. Slow Food Арена – Банкет Сала
12.00-14.00 Тематски форум 1: „Едукација за одржлива иднина“
Модератор: Ване Марковски
14.00-16.00 Тематски форум 2: „Храна произведена во согласност со природата“
Модератор: Марко Марк
16.00-18.00 Тематски форум 3: „Слоу Фуд Травел“
Модератор: Ирена Спировска
4. Slow Food маслинарник – Кристална сала
11.00-20.00 Презентација на македонското маслинарство и маслиновите производи – ладно цедени масла, ферментирани маслинки, сушени маслинки итн
5. Slow Food фарми – Кристална сала
13.00-18.00 Презентација на применетите агроеколошки принципи на три македонски фарми
6.Едукација за деца – Свечена сала
11.00-12.00 ШЕПОТОТ НА ПРИРОДАТА – Природата раскажува како расте храната
12.00-14.00 ПРИРОДНА СЛОЖУВАЛКА – Создаваме од она што природата го подарува
14.00-15.00 РАЗГОВОР СО ПРИРОДАТА – Како растенијата ни ја откриваат својата приказна
15.00-17.00 МАЛИТЕ ЧУВАРИ НА ЖИВИОТ СВЕТ – Птици и инсекти што ни ја чуваат градината
7.Мастер клас – Сала Конти 1
13.00-14.30 Вина добиени од органско грозје или со минимална интервенција, Ивана Симјановска
16.00-17.30 Спарување на природно ферментирана храна со вина од Slow Wine, Слободен Чокревски и шеф Зоран Мајновски
8.Школа за одржлива гастрономија – Сала Конти 2
12.00-13.30 Производство на сирење од сурово млеко со природни сирила, Давид Неделковски
14.30-16.00 Природно ферментирани месни производи, Деан Здравковски
9.Slow Food Миксологија – Аперитив бар
13.00-17.00 Подготовка на македонски коктели
10.Плoштад за вмрежување – Фоаје
11.00-20.00 Презентација и вмрежување на граѓански организации и фирми кои работат во секторот и се индиректно поврзани со производството на храна во нашата држава
Slow Food Салон 2025 ќе се организира со финансиска поддршка на Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство и шведската организација We Effect.


