СЛОУ ФУД САЛОН 2025: ПРИЈАТЕЛСТВО СО ПРИРОДАТА И РАЗГОВОРИТЕ ЗА ИДНИНАТА

🐌Сите што во саботата го посетија Слоу Фуд Салон 2025, собраа енергија за цела недела: разновидни содржини, производи од цела Македонија, ама и енергијата, работилниците, форумите.., само потврдуваат дека настанот ја промовира својата историја на најдостоинствен начин и секоја година ја испишува својата доминантна инвентивност.

📅На 13 декември во хотелот Континентал под мотото „Заедно со природата“, се одржа 4-то издание на Слоу Фуд Салон 2025 а овогодинешната дестинација наликуваше на блуз од детството и младоста, со точна гурманска дестинација.

💡Слоу Фуд Салон 2025 беше многу повеќе од пазар на храна: беше повик за размислување, но и за преиспитување на нашата врска со природата а посетителите имаа можност да се поврзат со она што има највисока вредност, ама и со себе си, како носители на иднината.

Секој производ беше дел од една поголема слика, разговор за иднината, и за обновување на рамнотежата помеѓу човекот и природата.

🍅🧀Гледајќи ја секоја тезга и производ, можеше да се почувствуваа љубовта која стои зад нив, сеедно дали се работи за маџун, мед, ајвар, сирење, џем, слатко, производи од тартуфи, маслиново масло…, ѓомлезе штотуку изведено од фурна или сендвичи со автентично зајре…

🇲🇰 Slow Food Macedonia во своите редови ги има најдобрите производители кои ја бранат агендата поврзана со добра, чиста и правична храна и овој настан вклучува нешто посебно- знакчето на полжавот, што значи презентација, дегустација, животот „натенане“, ама и ова: секој на својата тезга како во својот интерен космос со посветеност и вградена љубов, со инспиративен адерналин да ја раскаже личната приказна.

🧑‍💻Слоу Фуд Салон 2025 беше и простор за разговор и размислување: во Слоу Фуд Арената се одржаа три форума, се споделуваа идеи и размислувања на теми: Едукација за одржлива иднина, Храна произвдена во согласност со природата- агроекологија и фарми и Слоу Фуд травел.

Форумите беа еден од клучните делови на салонот, и токму тука беше присутен духот на Слоу Фуд: во сите тие разговори и размислувања кои ги обликуваа идеите за иднината, поттикнувајќи не сите нас да размислуваме за тоа како можеме да го чуваме и подобриме светот. Тоа беше момент кога присутните, од производителите до посетителите, го почувствуваа повикот за промена – да се прелее енергијата на традицијата во новите начини на живот, во новите идеи за одржливост.

🥂Мастер класовите за вино, по традиција беа атрактивни и многу посетени а вистинска авантура беше да се истражи Павиљонот Маслинкарник со природните масла од Пирава.

☀️Еве зошто е тоа така: Слоу Фуд е патека по која одиме, тоа е живот со отворени врати, нашата автентична храна, природен ритам, љубов која започнува со малите чекори, но која има огромна моќ да го смени светот.

🙆🌿И, за да не остане ниту една генерација заборавена, децата имаа четири креативни работилници и беа вклучени во забавни и едукативни активности кои ги поврзаа со природата и храната. Работилниците „Шепот на природата“, „Природна сложувалка“, „Разговор со природата“ и „Малите чувари на живиот свет“ беа првите чекори на новите генерации во сфаќањето на важноста на природата и храната во нивниот живот. Преку игра, тие учеа да ја почитуваат земјата, да ја слушнат и да бидат нејзини вистински чувари.

💪Слоу Фуд Салон е поддржан од Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство како и од шведската организација We Effect.

СЛОУ ФУД САЛОН: ВКУСОВИ ШТО ГИ НАСЛЕДИВМЕ, ПРИКАЗНИ ШТО ГИ ЧУВАМЕ

Македонија е земја на мераци, софри, гурманлуци и ќефови....

SLOW FOOD САЛОН 2026: ХРАНА ЗА СИТЕ!

📅 28 ноември, Хотел Континентал ✅️ Начинот на кој...

Сподели