ГОДИШЕН НАЦИОНАЛЕН СОВЕТ НА ЛИДЕРИТЕ НА СЛОУ ФУД МАКЕДОНИЈА : РЕФЛЕКСИЈА, РАСТЕЊЕ И ВИЗИЈА

📝На крајот од годината, лидерите на Slow Food Macedonia се собраа на редовен годишен Национален совет – можност за заедничко размислување, споделување искуства и поставување насоки за иднината.

Средбата беше посветена и на рекапитулација на 2025 година, која се покажа како особено динамична, исполнета со активности, партнерства и теренска работа што го зацврсти присуството на Слоу Фуд низ целата земја.

⤴️Во фокусот на дискусиите беше усвојувањето на новиот Правилник за настани, кој претставува важен чекор кон поголема јасност, функционалност и усогласеност со принципите на движењето. Присутните отворија и дебата за неговото понатамошно ревидирање, со цел, документот да стане “жив”, применлив и во служба на локалните заедници.

➡️Посебно внимание беше посветено на прашањето за поддржувачите на Слоу Фуд Македонија – кој и под кои услови може да биде дел од мрежата, како и примери од практиката каде организацијата делува на национално ниво, секогаш со доследно почитување на Слоу Фуд принципите: добра, чиста и правична храна за сите.

🧑‍🌾Беа презентирани тековните и идните активности во рамките на проектот поддржан од We Effect, кој отвора нови можности за зајакнување на малите производители, одржливото земјоделство и локалните системи на храна. Во тој контекст, се споделија искуствата од првата Слоу Фуд фарма „Тет а тет со природата“ – пример за хармонија меѓу човекот и екосистемот – како и предлози за номинирање и вклучување на нови фарми во мрежата.

🌱Значаен дел од Националниот совет беше посветен и на развојните идеи за проектот Slow Food Училишни Градини, што веќе 13 години гради свој јасен идентитет и автентичност. Преку едукација, практична работа и развивање почит кон природата, проектот продолжува да ги поврзува најмладите со училниците на отворено, локалното наследство…

✅️Ова работна средба уште еднаш потврди дека Слоу Фуд Македонија е жива заедница која расте преку дијалог, посветеност и заедничка грижа за храната, земјата и луѓето. Со јасен поглед кон иднината, лидерите заминаа со зајакнато чувство на припадност, одговорност и инспирација за нови, инспиративни промени.

СЛОУ ФУД САЛОН: ВКУСОВИ ШТО ГИ НАСЛЕДИВМЕ, ПРИКАЗНИ ШТО ГИ ЧУВАМЕ

Македонија е земја на мераци, софри, гурманлуци и ќефови....

SLOW FOOD САЛОН 2026: ХРАНА ЗА СИТЕ!

📅 28 ноември, Хотел Континентал ✅️ Начинот на кој...

Сподели