🐌🇲🇰Слоу Фуд Македонија посветено долги години работи и го трасира патот на агротуризмот во Македонија со своите исклучителни изданија- водичите Slow Wine и Слоу Фуд гостилници. Следејќи високи критериуми Слоу Фуд Македонија прави внимателен избор што резултира со врвен квалитет во понудата на двата водичи, кои не само што информираат, туку поставуваат стандарди – и затоа оригиналите секогаш се препознаваат по својата мисија.
📒 Слоу Фуд гостилници е првиот водич од ваков вид во Македонија со автентични локали каде храната не е тренд, туку култура. Тие имаат јасен идентитет, каде што рецептите се наследство, сезоната диктира што ќе има на трпезата, а гостопримството е природно и искрено. Гостилниците опишуваат дека во нив се јаде онака како што било со генерации – со почит кон земјата, производот и човекот. Секоја носи своја приказна, свој ритам и чувство на припадност, претворајќи го оброкот во доживување што се памети.
🥂Slow Wine водичите ја истакнуваат важноста на тероарот, одржливиот развој и ја поддржуваат винската заедница. Во нив се опишани внимателно избрани винарии- преку теренски посети, сензорно оценување и стручни сесии на Слоу Фуд комитетот.
Тие ја вреднуваат борбата за биодиверзитет, локалните сорти на грозје, пејсажите, традициите и технологиите во виното – затоа што виното е повеќе од производ, тоа е одраз на земјата и луѓето.
💎 Овие изданија се резултат на знаење, искуство и сериозна посветена работа на Слоу Фуд Македонија. Тие не се создадени за да се допаднат, туку за да траат и затоа имаат тежина, кредибилитет и влијание. Вистинска привилегија и престиж е да се биде дел од Slow wine и Слоу Фуд гостилници, за сите кои се препорачани од Слоу Фуд.
📣Слоу Фуд Македонија ја има улогата на ВИЗИОНЕР во развојот на автентичниот туризам во Македонија и претставува ИНСПИРАЦИЈА за другите.
🎯Копиите никогаш не можат да ја носат истата смисла, сила и моќ што ја има оригиналот.












