ВИНАРИЈАТА СИМОНОВ – ПРИКАЗНА ЗА ТЕРОАР И ВИСТИНСКИОТ ВКУС

🍷Винаријата Симонов од Демир Капија е вистинска семејна приказна, ткаена со труд, посветеност и длабока љубов кон лозјето и виното.

Илија Симонов, енологот на винаријата, детството и младоста ги поминал во Италија, каде го стекнал своето образование а дополнително се усовршувал и преку практична работа во Швајцарија и Франција. Сето тоа знаење, искуство и светоглед, решил да ги врати таму каде што има корени – во својата татковина.

За него, Македонија е можност за личен раст, за создавање вредност и за соочување со предизвиците кои го обликуваат човекот.

„Јас, како енолог на винаријата, уште од мал бев дел од целиот процес – тогаш ми беше игра, а денес е мојата пасија. По завршувањето на образованието во Фиренца, целосно се посветив на создавање 100% природни и автентични производи.

➡️Фокусот на Симонов винаријата е насочен кон органското вино Вранец – сорта која најсилно го изразува карактерот на тероарот од нивните лозови насади. Покрај виното, тие произведуваат и органски гроздов мед – вистинска суперхрана, богата со хранливи состојки и природна енергија.

🍯Во процесот на производство, нивната филозофија е јасна: минимална интервенција и максимална почит кон природата. Секој чекор е внимателно воден со цел да се зачуваат природните квалитети на грозјето – неговиот вкус, боја и хранлива вредност. Токму затоа, нивниот гроздов мед се одликува со препознатлив овошен вкус и интензивна црвена боја која остава силен впечаток.

🐌Она што дополнително ја обликува нивната приказна е духот на движењето Slow Food. За винаријата Симонов, тоа е начин на размислување и живеење.

„Она што со Ана Марија не привлече во Slow Food е неговата филозофија – почит кон природата, традицијата и вистинскиот вкус. Идејата дека храната треба да биде добра, чиста и правична, целосно се совпаѓа со начинот на кој ние работиме. За нас, ова не е само производство – туку раскажување приказна преку секое вино и секоја капка гроздов мед“, додава Илија.

🎯Ова е причината зошто НИЕ сме Слоу Фуд.

Ние НЕ консумираме.

Ние избираме.

Ние сме Слоу Фуд

Сите заедно, можеме да го ПРОМЕНИМЕ светот почнувајќи од храната.

Придружи ни се!

Биди и ТИ дел од Слоу Фуд

https://shorturl.at/umRpg

✅️Слоу Фуд има вредни и инспиративни луѓе кои посветено ја прикажуваат големината на човекот преку културата на храна.

СЛОУ ФУД САЛОН: ВКУСОВИ ШТО ГИ НАСЛЕДИВМЕ, ПРИКАЗНИ ШТО ГИ ЧУВАМЕ

Македонија е земја на мераци, софри, гурманлуци и ќефови....

SLOW FOOD САЛОН 2026: ХРАНА ЗА СИТЕ!

📅 28 ноември, Хотел Континентал ✅️ Начинот на кој...

Сподели