🇲🇰 Македонија следната недела ќе биде домаќин на едно од најзвучните имиња од современата европска гастрономија – шеф Филип Ондрушек од Виена, кој доаѓа во Охрид и Битола со специјална гастрономска програма што веќе привлекува голем интерес кај љубителите на врвната кујна.
🧑🍳🍅 Со предавања и мастер класови на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид, запознавање на локалната гастрономија во локалните ресторани, посета на локалните пазари и производители, запознавање со президиумите на Слоу Фуд Македонија… , до гала вечери во Охрид и Битола, Филип ја остварува својата мисија поврзана со тезата дека гастрономијата не е во скапите декорации и комплицираните техники, туку во локалните состојки, нивната современа интерпретација, традицијата и одржливоста.
🗣„Иднината на кујната е во балансот помеѓу традицијата и иновацијата“- вели тој.
А токму тоа ќе го направи и во Македонија – најпрвин да ја запознае земјата а потоа и да демонстрира дека нашата трпеза има адути за најдобри гастрономски мапирања.
🎖Филип Ондрушек е интернационално признат шеф и гастрономски едукатор со богато искуство во престижни ресторани со Мишелин ѕвезди. Вреден и иновативен работи од својата 15 година: низ времето се градел “на лице место” – рамо до рамо со реномирани светски готвачи, бил дел од ексклузивни гастрономски настани за светски познати личности, креирал оскаровски вечери, закуски за Модни недели во Милано, готвел за кралеви, политичари…
🍽🌱 Препознатлив е по својот модерен пристап кон традиционалната кујна, креативни техники и промоција на одржливата гастрономија, а често учествувал на меѓународни фестивали, мастер-класови и гастро-едукативни ивенти низ Европа.
🐌 Филип е амбасадор на вкусовите и промотор на проектите на Слоу Фуд на меѓународно ниво, посетил многу земји и се запознал и креирал мениа со производи кои се под заштита на локалните организации на Слоу Фуд. Неговата агенда на патувања и посета на бројни земји е секогаш однапред букирана цела година а посета и гостувањето во Македонија е привилегија за заедницата на Слоу Фуд во Македонија.
👏 Охрид и Битола ќе станат центар на гастрономските случувања, а посетата на Филип се очекува да донесе нова енергија и дополнителна промоција на македонската гастро-сцена пред меѓународната јавност.
🎯 Филип Ондрушек од 19 до 26 мај е гостин на Слоу Фуд мрежата во Македонија со богато организирана програма, која ќе ги поврзе вкусовите, традициите и приказните на локалните производители.
💪 Организатори: Slow Food Macedonia, Slow Food Ohrid, Slow Food Bitola, Slow Food Алијанса на готвачи.
Поддржувачи: Општина Охрид, Факултет за туризам и угостителство – Охрид, Monastery Winery, Бавча Канео, Food Republic.mk, Utopia Private Members Club.


