ФИЛИП ОНДРУШЕК -АЛХЕМИЈА НА ВКУСОТ РОДЕНА ОД ПРИРОДАТА

🍃Како шепот на земјата преточен во вкус, шеф Филип Ондрушек создава јадења кои ги раскажуваат приказните за местото, времето и душата на природата. Велат дека создава цели гастрономски светови, со длабока посветеност, љубов и голем талент.

🧑‍🍳Роден е во Братислава, и тоа словачко потекло силно се обликуваше од австриската културна и гастрономска средина, па логично, неговиот професионален пат се движи во меѓународна насока. Како кулинарски шеф со богато глобално искуство, неговата кариера патува низ најпрестижните гастрономски сцени во светот: од Јужна Америка до Јапонија, од Европа до Австралија.

🍽Работел и се усовршувал во реномирани ресторани како што е Central во Перу, Boragó во Чиле, Narisawa во Јапонија и Azurmendi во Шпанија – места познати по својата иновативност, „тероар пристап“ (готви со локални и сезонски состојки, почитува традиционални рецепти и техники, ја истакнува автентичноста на вкусот, соработува со локални фармери и производители а јадењата ги раскжуваат приказните на регионот) и одржлива гастрономија.

🍡🥗Неговото готвење е длабоко инспирирано од архитектурата – секое мени е внимателно „изградено“, со јасна структура, течение и приказна. Ондрушек комбинира сезонски и локални состојки со напредни техники како ферментација и конзервирање, создавајќи дегустациски менија кои не само што се вкусни, туку се и концептуално моќни. Филозофија се базира на одржливост и системи со „нула отпад“, каде секоја состојка се користи до максимум, без компромиси во квалитетот.

🗣„За мене, готвењето не е само подготовка на храна, туку начин на размислување. Секое мени го гледам како архитектура – мора да има баланс, ритам и приказна. Вистинскиот луксуз не е во раскошот, туку во вниманието кон деталот, во почитта кон состојката и во одговорноста што ја имаме кон природата- вели Ондрушек.

✨️Посебно место во неговата работа заземаат приватните и дипломатските вечери. Тој има дизајнирано и реализирано ексклузивни гастрономски искуства за висока меѓународна клиентела- од уметничката елита поврзана со ивентите како што се Греми, Еми и Оскар, до вечери за дипломати, колекционери и сопственици на луксузни имоти.

🕍И веднаш почнува магијата: вечерите се случуваат во уникатни простори: историски замоци во Франција и Шпанија, приватни лозја во Калифорнија или амбасади – каде храната станува дел од поширока културна и естетска нарација.

🥂Настаните, или уште подобро речено- перформансите на Филип Ондрушек се внимателно режирани: од интимни средби со неколку гости, до големи формални приеми, каде секој детал е прецизно осмислен. Во соработка со сомелиери и винарии, креира комплетни вински приказни кои се совпаѓаат со менито, создавајќи мултисензорно искуство.

‼️ И кога на крај би требале да сублимираме, кои се карактеристиките на готвењето на Филип и што го вивна во гастрономското небо, би истакнале: чисти вкусови, нагласена текстура, почит кон состојките и силна врска со тероарот . Често користи техники како што е бавно готвење, ферментација, сушење и екстракција на природни ароми. Во неговите менија може да се најдат дегустациски композиции од сезонски зеленчук со ферментирани елементи, прецизно подготвена риба со локални билки, или современи интерпретации на традиционални рецепти искомбинирани со модерен, минималистички израз.

👌Откако ќе вкусите нешто од јадењата на Филип, се вљубувате во вкусот ама и во чувството дека храната е заводлива архитектура на емоции, каде секој оброк буквално станува патување што ќе го раскажувате цел живот.

📌Организатори: Slow Food Macedonia, Slow Food Ohrid, Slow Food Bitola и Slow Food Алијанса на готвачи.

Поддржувачи: Општина Охрид, Факултет за туризам и угостителство – Охрид, Monastery Winery, Бавча Канео, Food Republic.mk, Utopia Private Members Club.

СЛОУ ФУД САЛОН: ВКУСОВИ ШТО ГИ НАСЛЕДИВМЕ, ПРИКАЗНИ ШТО ГИ ЧУВАМЕ

Македонија е земја на мераци, софри, гурманлуци и ќефови....

SLOW FOOD САЛОН 2026: ХРАНА ЗА СИТЕ!

📅 28 ноември, Хотел Континентал ✅️ Начинот на кој...

Сподели