👨🍳 Нашиот гостин шеф, Филип Ондрушек, интернационален едукатор за одржлива гастрономија, вчера во рамките на Студентската конференција СЕРВЕКО 2026, што се случуваше на Факултетот за угостителство и туризам во Охрид одржа мастер-клас на тема „Локални состојки, сезонски менија и Zero-Waste гастрономија“.
🥗 Познат по современиот пристап кон гастрономијата, каде традиционалните рецепти ги претвора во модерни fine dining јадења, Филип вчера воодушеви со познавањето на македонската кујна. Во неговото готвење се забележа дека обрнува внимание на квалитетот на состојките, сезонските производи и прецизните техники на подготовка: бавно готвење и ферментација. Неговите рецепти беа базирани на балансирани вкусови, нежни текстури и елегантна презентација. Спојувањето на традиционални вкусови со модерна техника, финалето со минималистички изглед и нула отпад, предизвика огромен интерес кај студентите.
🧅🍽 Шеф Ондрушек на практичен начин демонстрираше како деловите од зеленчукот кои вообичаено се отфрлаат (како лушпите од коренст зеленчук), можат да се трансформираат во софистицирани декорации со мишелински стил, додавајќи текстура и визуелна вредност на чинијата.
🍅 Користејќи исклучиво локални намирници од охридското поднебје, Шеф Филип подготви мени кое ја слави автентичноста: ладно гаспачо од охридски домат и карпачо со песто од магдонос; деконструирана сарма со домашно кисело млеко; охридска пастрмка, подготвена со прецизни техники кои ја зачувуваат нејзината природна софистицираност.
‼️ Овој настан е дел од стратегијата на ФТУ – Охрид за поврзување на студентите со врвни светски професионалци. Преку вакви интензивни обуки, младите гастрономи стекнуваат вештини за „зелено угостителство“ и креирање сезонски менија — трендови кои се клучни за модерниот и одржлив туризам. Мастер класот заврши со доделување на сертификати за учество, потврдувајќи ја подготвеноста на новите генерации да го водат македонското угостителство кон нови, повисоки стандарди.
🎯 Организатори и поддржувачи:
Факултет за туризам и угостителство – Охрид
Општина Охрид – Сектор за култура
Slow Food Macedonia & Slow Food Ohrid











