ВО ВИНАРИЈАТА МАНАСТИР, ФИЛИП ОНДРУШЕК ГИ СПОИ МАКЕДОНСКИТЕ ТРАДИЦИОНАЛНИ ВКУСОВИ СО МИШЕЛИНСКАТА ГАСТРОНОМИЈА

🍷Во прекрасниот амбиент на Monastery Winery, препознатлива по својата винска традиција, автентична архитектура и гастрономски настани, вчера се одржа панел-дискусијата „Зелено гостопримство и гастрономско патување“ со познатиот шеф Филип Ондрушек.

Настанот обедини готвачи, угостители и љубители на добрата храна во духот на Slow Food филозофијата — локално, сезонско и одржливо.

🧑‍🍳Со нескротлива страст кон храната и локалните вкусови, Ондрушек подготвуваше јадења од автентични македонски производи, сезонски зеленчук, овошје, сирења, мед.., комбинираше зелени сливи со домашен колбас, правеше јунешко под сач со сите можни локални зеленчуци, сервираше белвици и плашици, креираше макало од домат, нане, босилек и мед…, се интерпретирано на негов препознатлив, современ начин.

👩‍💻Лидерот на Slow Food Ohrid, Анѓела Крстоноска Паскуали, истакна дека претставува особена чест што ваков шеф е гостин на Слоу Фуд Македонија и што ја запознава нашата татковина.

🗣„Филип ме воодушеви, покажа огромна страст за готвењето и една природна, исклучителна конекција со луѓето и храната. На “Мишелин начин” ги претстави јадењата што ние ги знаеме како традиционални и внесе нова креативност: од обични состојки направи вистинска сензација“, изјави Анѓела.

💡Посебен впечаток оставија неговите идеи за сезонско мени и концептот „нула отпад“, кој сè повеќе станува важен дел од современата гастрономија.

Според Крстоноска, гастрономијата денес претставува една од најзначајните сфери во економијата, а луѓето сè повеќе се насочуваат кон автентични хедонистички искуства.

🌎Ондрушек, пред некој ден се врати од гастрономско патување низ Мексико, а неодамна отвори ресторан во Виена награден со Мишелин ѕвезда. Сепак, како што посочи, патувањата му се голема страст, а Македонија оставила силен впечаток врз него, особено локалната храна и нашето претпознатливо гостопримството.

🗣„Ова се моите убави денови. Годинава посетив многу земји, но тука во Охрид почувствував нешто што ме потсети на Наполи — топлина, љубов и искрено гостопримство-, рече Ондрушек.

Посебно воодушевување кај него предизвикаа традиционалните рецепти: тресената пастрмка што ја пробал во Вила Радожда, за која изјави дека е јадење достојно за Мишелин ѕвезда.

🥗Во текот на настанот, заедно со готвачите од локални охридски ресторани, тој подготвуваше специјалитети инспирирани од традиционалната македонска кујна и сезонските производи.

🍅Филип уживаше во се: добра енергија, готвење, вкусови, особено во охридската пита и македонскиот домат, за кој рече дека е „срцето на македонската гастрономија“.

Во наредните денови Ондуршек продолжува со откривање на вкусовите на нашата земја.

Организатори – Slow Food Macedonia, Slow Food Ohrid, Slow Food Bitola и Slow Food Алијанса на готвачи.

Поддржувачи – Општина Охрид

СЛОУ ФУД САЛОН: ВКУСОВИ ШТО ГИ НАСЛЕДИВМЕ, ПРИКАЗНИ ШТО ГИ ЧУВАМЕ

Македонија е земја на мераци, софри, гурманлуци и ќефови....

SLOW FOOD САЛОН 2026: ХРАНА ЗА СИТЕ!

📅 28 ноември, Хотел Континентал ✅️ Начинот на кој...

Сподели