ОД БРА ДО СВЕТОТ: ЖИВОТОТ И ВИЗИЈАТА НА КАРЛО ПЕТРИНИ

➡️Карло Петрини е една од највлијателните личности во современата гастрономија и глобалното движење за одржлива храна. Роден е на 22 јуни 1949 година во градот Бра, во италијанската област Пиемонт, а светска препознатливост ја стекна како основач на движењето Slow Food, кое денес има мрежа во повеќе од 160 земји.

📝Петрини по професија бил новинар, писател, гастроном и активист, а уште во младоста се занимавал со социологија и локална политика. Во 70-тите години почнал да пишува за гастрономија и вино во италијанските медиуми, развивајќи ја идејата дека храната не е само потреба, туку култура, идентитет и начин на живот.

🐌Неговата најзначајна мисија започнала во 1986 година, кога во знак на протест против отворањето на првиот McDonald’s во близина на Шпанските скали во Рим, го иницирал движењето Slow Food. Од тој момент, движењето се развива како глобален одговор на „брзата храна“, индустријализацијата на храната и губењето на локалните традиции.

🌎Под водство на Петрини, Slow Food прерасна од мала иницијатива во светска платформа што ги промовира принципите „добра, чиста и правична храна“. Во сржта на неговата филозофија стои идејата дека храната не е само потрошувачки производ, туку културен и општествен чин — нешто што го поврзува човекот со земјата, заедницата и традицијата.

Во тој контекст често истакнувал : „Храната е чин на земјоделство, а земјоделството е чин на култура.“ Таа реченица станала симбол на неговиот пристап дека секој оброк е културен избор, а не само навика.

Еден од најважните придонеси на Петрини е создавањето на Terra Madre, како и Универзитетoт за гастрономски науки во Поленцо, првиот универзитет што ја третира гастрономијата како културна и научна дисциплина.

🤗Петрини бил во блиско пријателство со неколку влијателни личности од гастрономијата и културата, меѓу кои aнглискиот крал Чарлс, шпанскиот шеф Феран Адрија, италијанскиот готвач Масимо Ботура американскиот автор и публицист за храна Мајкл Полан, индиската активистка Вандана Шива….Особено блиска интелектуална и пријателска релација имал со папата Франциск, со кого го поврзувале ставовите за сиромаштијата, екологијата и етичкиот однос кон храната и природата.

🍞Петрини постојано нагласуваше дека храната е политичко, културно и еколошко прашање и дека малите производители и локалните заедници мора да бидат заштитени од притисокот на индустриското производство и глобализацијата.

🥇Во текот на својот живот доби бројни меѓународни признанија, меѓу кои и наградата „Champions of the Earth“ од Обединетите нации.

Карло Петрини останува запаметен како човек кој создаде глобална „тивка револуција“ во гастрономијата — поврзувајќи ги храната, природата, културата и човекот во едно движење што трајно го промени начинот на кој светот размислува за јадењето и неговото значење.

СЛОУ ФУД САЛОН: ВКУСОВИ ШТО ГИ НАСЛЕДИВМЕ, ПРИКАЗНИ ШТО ГИ ЧУВАМЕ

Македонија е земја на мераци, софри, гурманлуци и ќефови....

SLOW FOOD САЛОН 2026: ХРАНА ЗА СИТЕ!

📅 28 ноември, Хотел Континентал ✅️ Начинот на кој...

Сподели