СВЕТОТ СЕ ПРОСТУВА ОД КАРЛО ПЕТРИНИ

🌍Новинарите, визионерите, светот на гастрономијата, екологијата, културата на исхрана, поборниците за „добра, чиста и правична храна“…., деновиве се простуваат од Карло Петрини — човекот кој ја промени глобалната перцепција за храна и начинот на живеење.

🐌Основачот на движењето Slow Food почина на 76-годишна возраст во својот роден град Бра, во италијанската област Пиемонт, оставајќи зад себе идеја што прерасна во светско движење.

📝Италијанските медиуми го нарекуваат „визионер кој ја претвори храната во култура, идентитет и почит кон природата“. Италијанскиот весник Corriere della Sera потсетува на неговата децениска борба против индустриската храна и масовната потрошувачка, додека тамошната јавност го опишува како еден од највлијателните интелектуалци во современата гастрономија.

Италијанскиот претседател Серџо Матарела изјави дека неговата смрт претставува „огромна загуба не само за светот на гастрономијата, туку и за општеството во целина“.

🗞Британскиот The Guardian пишува дека Петрини успеал да создаде глобално движење кое се спротивстави на културата на брза храна и масовната индустрија.

Весникот потсетува дека Slow Food започнал како протест против отворањето на првиот ресторан на McDonald’s во близина на Шпанските скали во Рим во 1986 година.

Медиумите ја потенцираат, неговата идеја за „добра, чиста и правична храна“ што денес е присутна во повеќе од 160 држави.

📰 Reuters нагласува дека Петрини оставил длабока трага во глобалната борба за одржливо производство на храна. Во текстот се наведува дека преку проектите Terra Madre, Арка на вкусови и Универзитетот за гастрономски науки во Поленцо, тој создал мрежа што ги поврзала земјоделците, готвачите, научниците и младите активисти од целиот свет.

💻Медиумите во Европа потсетуваат на неговото блиско пријателство со принцот Чарлс и папата Франциско, кои со години ги поддржувале неговите идеи за органско производство, локалната храна и почитување на природата. Британските медиуми оценуваат дека неговото влијание одамна ја надминало гастрономијата и станало дел од глобалната дебата за иднината на планетата.

💚Карло Петрини е роден на 22 јуни 1949 година, бил новинар, писател и активист, а во 1986 година го основал движењето Slow Food како реакција против ширењето на брзата храна и исчезнувањето на традиционалната гастрономија.

Под негово водство, Slow Food прерасна во глобално движење.

Во текот на кариерата добил бројни меѓународни признанија и беше сметан за еден од највлијателните луѓе во современата гастрономија и екологија.

За многумина, Карло Петрини останува симбол на идејата дека храната не е само производ, туку култура, идентитет и одговорност кон природата и идните генерации.

СЛОУ ФУД САЛОН: ВКУСОВИ ШТО ГИ НАСЛЕДИВМЕ, ПРИКАЗНИ ШТО ГИ ЧУВАМЕ

Македонија е земја на мераци, софри, гурманлуци и ќефови....

SLOW FOOD САЛОН 2026: ХРАНА ЗА СИТЕ!

📅 28 ноември, Хотел Континентал ✅️ Начинот на кој...

Сподели