‼️Стојан Манолев, долгогодишен член на Slow Food – Valandovo и пензиониран професор по физика, преку својата работа покажува дека науката и земјоделството можат успешно да се надополнуваат. Производител е на сушени јапонски јаболка, а ја постави и метеоролошка станица чии податоци им помагаат на земјоделците подобро да ги разберат климатските промени и нивното влијание врз производството на храна.
🍊Приказната со јапонските јаболка почна случајно- од глетка на необрани плодови, “лампиони” покрај патот, што кај Стојан родија идеја која е денес препознатлив семеен производ. При враќање од работа, тој забележал нива полна со осамени јапонски јаболка и се запрашал како може да се искористат.
💡 Идејата да ги суши се родила во разговор со семејството, а првите обиди биле направени во мала домашна сушара. Сушените плодови им се допаднале на пријателите, па семејството почнало да ги пакува и подарува. Охрабрени од позитивните реакции, изработиле сопствен поголем дехидратор кој ги зачувува хранливите својства на плодот. Денес сушат околу 500 до 600 килограми јапонски јаболка годишно, настапуваат на настаните на Slow Food Macedonia, а нивниот производ стигнал и до други континенти.
Стојан засадил насад од пет декари, кој бара многу грижа, но му носи големо задоволство.
🗣„Како пензионер, ова ми стана повеќе од хоби. Иако одгледувањето на јапонските јаболка носи предизвици, секое парче сушено овошје ме потсетува зошто вреди трудот: затоа што станува збор за вкусна, хранлива и природна храна што ги воодушевува луѓето.“
⛈️☀️Креативен и вреден, Манолев не застанал тука: почнал да ги следи локалните климатски промени. Како долгогодишен едукатор и љубител на природните науки, забележал дека временските услови во регионот стануваат се понепредвидливи – од појава на доцни пролетни мразови до многу топли лета и благи зими.
🌡За подобро да ги разбере овие процеси, Манолев поставил автоматска метеоролошка станица која континуирано собира податоци за температурата, врнежите, влажноста на воздухот, атмосферскиот притисок, како и за брзината и насоката на ветерот.
Собраните податоци ги објавува јавно и ги прави достапни за граѓаните, земјоделците и истражувачите.
💧Неговата главна цел е да утврди како климатските промени влијаат врз локалните услови за производство на храна, особено преку следење на количината на врнежи и нивното влијание врз почвата и растенијата.
Ваквите информации можат да им помогнат на земјоделците навремено да ги приспособат своите производствени практики и да изберат култури што подобро одговараат на новите климатски услови.
🐌Работата на Манолев е во согласност со принципите на Slow Food, што се залага за зачувување на локалното производство на храна, биолошката разновидност и одржливото земјоделство. Со својата посветеност на следење на природните процеси и поддршка на локалните производители, тој придонесува за создавање поотпорни заедници и за зачувување на традиционалните земјоделски практики во услови на најразлични климатски промени.
📚Неговиот пример покажува како науката и локалното знаење можат заедно да придонесат за поквалитетна, поодржлива и локално произведена храна за идните генерации.
🎯Ова е причината зошто НИЕ сме Слоу Фуд.
Ние НЕ консумираме.
Ние избираме.
Ние сме Слоу Фуд
Сите заедно, можеме да го ПРОМЕНИМЕ светот почнувајќи од храната.
Придружи ни се!
Биди и ТИ дел од Слоу Фуд
https://shorturl.at/umRpg
✅️Слоу Фуд има вредни и инспиративни луѓе кои посветено ја прикажуваат големината на човекот преку културата на храна.




