SLOW FOOD ВИКЕНД: ВИЛА ДИХОВО

🏠 На само неколку километри од Битола, во подножјето на Баба Планина, се наоѓа Дихово – село кое одамна не е тајна за љубителите на автентични патувања. Не случајно Lonely Planet го вброи меѓу 50-те најубави “скриени места” во Европа, а токму тука се наоѓа и нашиот овонеделен викенд предлог – Вила Дихово – Villa Dihovo , опишана и во водичот Slow Food гостилници, каде убаво ќе се нагостите, ќе се надишете планински воздух и добро ќе се наспиете.

✅️ Зад приказната на Вила Дихово стои Пеце Цветковски, човек кој од семејната традиција создаде препознатлива гастрономска и туристичка дестинација.

Се е јасно уште од самото влегување, кога ќе наздравите со чаша домашно вино: наместо брза храна и луди трендови, тука главниот збор го имаат сезонските производи, рецептите наследени од баби и прабаби и вкусот што ретко се среќава надвор од македонските села.

🧄🫑Масата во Вила Дихово е како прошетка низ овие краишта: домашен препечен леб намачкан со дебел слој маст и наросен со буковска пипер, сирење и мед од локални производители, зелници со коприва и лобода, песто од мечкин лук, сарми завиткани во лозов лист или штавеј, посни полнети пиперки, домашни колбаси, миризливи супи од сезонски зеленчук….

Новитетот од кујната на Цветковски е домашна паста, а за сладок крај – колач со вино, малини или капинки.

🌶 Вила Дихово е домаќинска куќа и во било кој дел од годината, посебно место имаат везените пиперки, што се пржат со изварка, вкус што веднаш буди спомени од детството.

Ама и создава нови.

☕️ Но, има уште една работа по која Вила Дихово е посебна: утринското кафе или чај со поглед кон планината, на свежиот воздух што доаѓа од Пелистер, во муабетите и шеговитиот манир на домаќинот Пеце, што траат подолго од планираното време.

👍Ако викендов барате место каде природата, традицијата и гостопримството живеат на најјако, Дихово е адреса што вреди да ја посетите.

📸 Некои дестинации се паметат по фотографиите. Вила Дихово се памети по чувството со кое си заминувате.

СЛОУ ФУД САЛОН: ВКУСОВИ ШТО ГИ НАСЛЕДИВМЕ, ПРИКАЗНИ ШТО ГИ ЧУВАМЕ

Македонија е земја на мераци, софри, гурманлуци и ќефови....

SLOW FOOD САЛОН 2026: ХРАНА ЗА СИТЕ!

📅 28 ноември, Хотел Континентал ✅️ Начинот на кој...

Сподели