🥧Неделата отсекогаш била ден кога домот замирисувал на домашна пита. Вкус што буди спомени, собира генерации и ја прави трпезата место каде што се создаваат најубавите семејни мигови.
🇲🇰 Ние, македонците, отсекогаш сме имале посебна љубов кон месените јадења. Во нашата богата гастрономска традиција, ова омилено печиво носи различни имиња, се подготвува на различни начини и крие безброј семејни тајни. Но, неговата суштина е секогаш иста – да ги обедини најблиските околу заедничката трпеза.
Некаде ќе го слушнете терминот- мазник, некаде -зелник, во некои краишта е познат како комат, а на многу места едноставно се вели- пита.
Некаде се подготвуваа со една витка, некаде со две или повеќе, а секоја домаќинка има свој мал таен марифет што рецептот го прави единствен и препознатлив.
🟡Во Пелагонија – Битола, Прилеп и Демир Хисар – најчесто се користат називите мазник и зелник, а особено е позната традицијата на вртен мазник. Во Мариово, поконкретно во с.Зовиќ го има името- виткалник.
🟡Во Охридско и Струшко, терминот мазник е широко распространет, особено за питите со рачно тегнати кори и најчесто се нарекува комат.
🟡Низ поголем дел од Македонија, зелникот првично означувал пита подготвена со зелје, спанаќ, праз или зелка, но со текот на времето називот станал пошироко прифатен за традиционална домашна пита.
🟡Во Источна Македонија – Штипско, Кочанско и Малешевијата – често се користи името комат за домашна пита или печиво приготвено во тепсија.
🟡Во Скопје и околината, пак, најчесто ќе се сретнат називите вртена пита, тегната пита или мазник, во зависност од локалната и семејната традиција.
📝Ама без оглед дали е посна или мрсна, со зајре од сирење, праз, зелје, компир или тиква, питата е дел од нашето културно наследство, од семејните приказни што се пренесуваат од колено на колено и од спомените што остануваат засекогаш врзани за мирисот на домашната кујна.
🤗Денес замесете пита, соберете ги најблиските. најдрагите и создадете нови спомени.
🔴А вие, како ја нарекувате питата во вашиот крај и која е вашата омилена?
📸Подготовка на реканска пита. Фото кредит : Ivo Danchev / Slow Food Macedonia






