ВИНАРИЈА АЛЕСТО – СПОЈ НА ТРАДИЦИЈА, ПАСИЈА И ТЕРОАР

🍷 На падините на Баба планина, во селото Арвати, во април 2022 година се роди винарија Алесто – семејна бутик винарија создадена од љубов кон виното, од долгогодишен сон и од желбата традицијата да добие нов живот во чаша вино исполнета со карактер.

Приказната започнала пред неколку години, по дегустација на едно посебно македонско вино, кое ја разгорело пасијата кај семејството Димовски.

Со лозјата што отсекогаш биле дел од нивниот живот, идејата за сопствено вино тивко созревала се додека не станала реалност.

Името Алесто е создадено од првите слогови на двајцата браќа основачи – Александар (Але) и Стојанче (Сто), обединувајќи ја нивната визија, посветеност и љубов кон винарството.

💡 Од самиот почеток нивната цел беше јасна – да создадат спој меѓу подзаборавената традиција и современиот пристап кон винарството, почитувајќи ја историјата и природните богатства на регионот.

Со многу љубов, при дегустациите во винаријата, виното го спаруваат со локални вкусови, создавајќи автентично гастрономско доживување.

🍇 Секое големо вино го започнува својот пат во лозјето. Преспанскиот регион, со својата долгогодишна лозарска традиција, нуди идеални услови за одгледување квалитетно грозје.

Во Алесто внимателно се избираат сортите, се следи карактерот на почвата и положбата на насадите, бидејќи токму таму се создава темелот на секое врвно вино.

🍾 На 900 метри надморска височина, меѓу највисоките виногорја на Балканот, лозјата на Алесто ги впиваат влијанијата на умерено-континенталната и медитеранската клима. Ветровите, разновидната почва, близината на Преспанското Езеро и богатата флора создаваат вина со препознатлив карактер, свежина и изразени хербални ноти.

⭐️ Во портфолиото на Алесто живеат пет уникатни приказни.

LUX – светлина, симбол на надежта и остварените соништа.

LACUS – инспирирана од Преспанското Езеро и неговата безвременска убавина.

PELA – сведоштво за историјата, моќта и богатото наследство на овој простор, поврзано со првата престолнина на царот Самуил.

BUCEPHALUS – вранецот на Алесто, инспириран од легендарниот коњ на Александар Македонски, симбол на сила, карактер, истрајност и долговечност.

AMARE – љубов на латински, онаа невидлива состојка што се вплеткува во секоја капка вино и во секое искуство со Алесто.

🥂Така, меѓу планината и езерото, меѓу традицијата и современото винарство, Алесто создава вино, приказни и

здравици што долго се паметат.

🎯Ова е причината зошто НИЕ сме Слоу Фуд.

Ние НЕ консумираме.

Ние избираме.

Ние сме Слоу Фуд

Сите заедно, можеме да го ПРОМЕНИМЕ светот почнувајќи од храната.

Придружи ни се!

Биди и ТИ дел од Слоу Фуд

https://shorturl.at/umRpg

✅️Слоу Фуд има вредни и инспиративни луѓе кои посветено ја прикажуваат големината на човекот преку културата на храна.

СЛОУ ФУД САЛОН: ВКУСОВИ ШТО ГИ НАСЛЕДИВМЕ, ПРИКАЗНИ ШТО ГИ ЧУВАМЕ

Македонија е земја на мераци, софри, гурманлуци и ќефови....

SLOW FOOD САЛОН 2026: ХРАНА ЗА СИТЕ!

📅 28 ноември, Хотел Континентал ✅️ Начинот на кој...

Сподели