🏡Во селото Марена, на само неколку минути од Кавадарци, се наоѓа Винарија Ерос – мала семејна винарија која освојува од првиот момент. Во неа ќе ги запознаете Душко и Сашко Андови, татко и син, две генерации винари кои со многу љубов, знаење и трпение создаваат вина со свој препознатлив карактер.
‼️Тука е се автентично: од лозјата, преку начинот на производство, па се до интересна дегустациона сала, уредена во духот на 70-тите години, која создава чувство како да сте дошле на гости кај добри, стари пријатели.
🍇Во Ерос веруваат дека
доброто вино започнува во лозјето. Затоа грозјето, за дел од нивните вина се бере ноќе, кога температурите се пониски, за да се зачуваат свежината и природните ароми.
Во производството користат минимални интервенции и органски пристап во одгледувањето на лозјата, а голем дел од вината ферментираат со природни, автохтони квасци.
📌Нивната винска приказна е комбинација од локални иинтернационални сорти. Покрај Темјаника, Совињон Блан, Жилавка, Шардоне, Мускат Отонел, Вранец и Кратошија, посебно место има македонската автохтона сорта Станушина.
Од неа создаваат blanc de noirs, розе, розе пет-нат и црвено вино – вистинска реткост која вреди да се проба.
🥣Ако има нешто што дополнително ја прави посетата незаборавна, тоа е храната. Во Ерос дегустација на вина, со се што ќе подготви домаќинката, станува гастрономско доживување. Секое вино е внимателно спарено со домашно подготвена храна, а комбинациите совршено ги истакнуваат вкусовите на овој Божји нектар.
🗣Нашиот совет е однапред да резервирате ручек и да заборавите на време.
Не брзајте. Уживајте во секоја чаша, секое залче и во пријатниот разговор со домаќините.
🥂Не ги пропуштајте нивните пет-нат вина, како и мирните вина со спонтана ферментација. Продолжената ферментација, долгото зреење на финиот талог, квалитетното грозје и огромната посветеност на семејството Андови се чувствуваат во секоја голтка.
💜Ерос спаѓа во оние места во кои ќе се враќате повторно – поради виното, луѓето и чувството дека сте откриле квалитетен вински бисер во Македонија.
🐌Винаријата Ерос е дел од семејството на Slow Wine винариите.






