СЛОУ ФУД РЕЦЕПТ: ДОМАШНА ВИШЊОВКА ОД МОЈА БАВЧА

🍒Кога вишните ќе созреат а гранките ќе се наведнат под тежината на плодот, време е за подготовка на најомилени домашни пијалоци: ароматична вишњовка и освежителен домашен сок.

Во што е нивната убавина, освен прекрасниот вкус?

-Тоа што го зачувуваат вкусот на летото во текот на целата година.

🗣„Вишњовката е ликер за оние со добар вкус“- вели Александра Лозановска од moja_bavca.(Моја бавча) и членка на Slow Food Bitola. Според неа, тајната на совршениот вкус е во домашните, добро созреани вишни а ако и ракијата е домашна – тогаш вкусот е уште побогат и поавтентичен.

🌳Вишната во дворот на Александра речиси секоја година дарува богат род, па ниту еден плод не останува неискористен.

Освен за подготовка на вишновка, голем дел од вишните завршуваат како домашен сок – природен напиток, вистинско освежување во летните денови, ама и за колач од вишни што нејзиното семејство го обожава.

🥤Сокот се подготвува од свежи вишни кои кратко се варат, а потоа се процедуваат и по желба, малку се засладуваат.

Добро разладен, има пријатен киселкасто-сладок вкус и лесно ја гаси жедта. Покрај тоа што е вкусен, домашниот сок од вишни е многу здрав: богат со витамин Ц, витамин А, витамини од Б-комплексот, како и со калиум и природни антиоксиданси.

📝Рецептот за домашна вишновка што ни го кажа Александра е едноставен, но бара трпение.

Потребни се:

🎈1 килограм вишни

🎈1 килограм шеќер

🎈1 литар домашна ракија

Сите состојки се ставаат во стаклен сад, кој се остава на сонце 40 дена.

Во тој период шеќерот постепено се растопува, вишните ги ослободуваат своите сокови, а вкусовите се спојуваат во препознатливата вишњовка – ароматичен домашен ликер со длабока рубинова боја и богат овошен мирис.

🍹Сепак, како што вели Александра, за добра вишњовка не е доволен само рецептот. Најважни се сочните вишни, добра домашна ракија и љубов, што таа ја комбинира со трпение.

Токму тие три состојки создаваат ликер што секоја голтка ја претвора во вистинско уживање.

‼️Сезоната на вишните е кратка, затоа не пропуштајте ја можноста да си направите домашна вишњовка.

Откако еднаш ќе ја пробате, сигурно ќе стане дел од вашата летна гастрономска традиција.

СЛОУ ФУД САЛОН: ВКУСОВИ ШТО ГИ НАСЛЕДИВМЕ, ПРИКАЗНИ ШТО ГИ ЧУВАМЕ

Македонија е земја на мераци, софри, гурманлуци и ќефови....

SLOW FOOD САЛОН 2026: ХРАНА ЗА СИТЕ!

📅 28 ноември, Хотел Континентал ✅️ Начинот на кој...

Сподели