СЛОУ ФУД ВИКЕНД: ХОСТЕЛ КИТКА ИДЕАЛЕН ЗА ИЗГОР ЛЕТО

☀️🌡Кога термометарот упорно се искачува над 30 степени, а асфалтот ја враќа жештината со секој чекор, најубавото бегство е таму каде воздухот е посвеж, сенките подлабоки, а времето тече побавно. Токму за вакви изгор летни денови, Slow Food гостилници го препорачуваат Hostel Kitka Vratnica – мало планинско засолниште во Вратница, каде природата, традицијата и домашната трпеза создаваат доживување што долго се памети.

🗺Зад ова место стои Драгиша Јововски, кој успеал да ја претвори љубовта кон угостителството и активниот начин на живот во приказна водена од старата мудрост: „Во здраво тело – здрав дух“.

🏚Хостелот е сместен во камена семејна куќа изградена во 1964, а својот денешен изглед го добил малку подоцна, во 2017 година. Хостелот располага со седум соби и 19 легла, а дворот од два декара е исполнет со дрвени маси каде утрата започнуваат со мирис на топол чај и домашен костенов мед.

🌳За оние што сакаат да бидат уште поблиску до природата, постои можност и за кампување. Додека преку ден погледот талка по облаците, ноќта носи небо преполно со ѕвезди. На 760 метри надморска височина, Вратница дарува свежина и сонце речиси во текот на целата година.

🍞Трпезата е уште една причина поради која гостите се враќаат.Се што се служи е природно, автентично и вкусно: домашни димени колбаси, толчено лукче со ореви, чај од љуботенска мајчина душица, компот од дренки и праски, вргањ подготвен по локален рецепт, домашно овчо сирење, лешници од дворот, домашни јајца, црвено домашно вино, пиперки со урда, полнети пиперки, сарма од лозов лист и јадења од дивеч….

🍅Хостелот работи на принципот закажување ручек, најмалку за 6 луѓе. На менито секогаш има четири јадења– компир со домашен димен колбас, тетовско тавче-гравче, полнети пиперки и сарма. За сладок крај следуваат сушени цреши, кајсии и диња, како и традиционално слатко од тиква и смокви.

🚵‍♂️А кога ќе заврши ручекот, природата повикува на движење. Со велосипед или пеш може да се стигне до манастирот „Св. Константин и Елена“, езерото во Голина, воденицата на дедо Раде покрај Вратничката Река, а најподготвените, со водич, можат да тргнат кон мистичниот Љуботен.

🐌Овој жежок викенд дојдете во “Хостел Китка” бидејќи тој нуди нешто спротивното – свежина, тишина и вкусови што потсетуваат ма детството.

СЛОУ ФУД САЛОН: ВКУСОВИ ШТО ГИ НАСЛЕДИВМЕ, ПРИКАЗНИ ШТО ГИ ЧУВАМЕ

Македонија е земја на мераци, софри, гурманлуци и ќефови....

SLOW FOOD САЛОН 2026: ХРАНА ЗА СИТЕ!

📅 28 ноември, Хотел Континентал ✅️ Начинот на кој...

Сподели