🫐 Некои рецепти не се запишуваат само во тефтери – тие се чуваат во спомените, во семејните приказни и во рацете што со љубов ги пренесуваат од генерација на генерација.
Токму таква е приказната на Сијка Мелова од Неготино, која преку кандираното слатко од модри сливи успеа да го зачува дел од своето семејно наследство.
🐌 Во 2023 година и се исполнила долгогодишната желба да стане член на Слоу Фуд. Се започнало со една случајна средба со Александра Картелова, лидер на СФ Богданци, која прераснала во искрено пријателство и соработка. Таа средба и отворила нова можност – својата љубов кон традиционалната храна да ја сподели со луѓе кои ги негуваат истите вредности.
🌳Сијка потекнува од плодното Повардарие, каде што земјата секогаш великодушно дарува плодови. Во дворот на семејниот дом растат неколку стебла модри сливи, а токму тие ја потсетиле на вкусот што го памети од детството.
🗣 „Мајка ми го правеше кандираното слатко од модри сливи. Од неа ја наследив љубовта кон овој рецепт и желбата тој никогаш да не се заборави“, вели Сијка.
Денес, токму тоа слатко е нејзиниот заштитен знак. Неговата подготовка бара многу повеќе од добар рецепт – бара време, трпение и љубов. Десет дена внимателна подготовка се потребни за секоја слива да ја добие својата совршена текстура и вкус. Резултатот е вистински специјалитет кој остава впечаток уште на првиот залак.
🍅 Но, нејзината креативност не завршува тука. Во својата работилница создава и мармалад од модри сливи и урми- без шеќер, а неодамна ја збогати понудата со необичен, но извонреден спој од модра слива и домат – комбинација што пријатно изненадува и покажува дека традицијата може успешно да се надополни со нови идеи.
🫓 Посебна приказна е и „Интегрална фантазија“ – домашни колачиња направени од овесно брашно, јаткасти плодови, семки, сушено овошје, мед, цимет и путер. Рецептот со текот на времето постојано се збогатувал, но целта останала иста – да понуди здрав, хранлив и вкусен производ подготвен од природни состојки.
Сијка вели дека членството во Slow Food Macedonia за неа е припадност и можност старите рецепти да продолжат да живеат, домашните вкусови да не исчезнат, а приказните на нашите мајки и баби да стигнат и до новите генерации.
🎯Ова е причината зошто НИЕ сме Слоу Фуд.
Ние НЕ консумираме.
Ние избираме.
Ние сме Слоу Фуд.
Сите заедно, можеме да го ПРОМЕНИМЕ светот почнувајќи од храната.
Придружи ни се!
Биди и ТИ дел од Слоу Фуд.
https://shorturl.at/umRpg
✅️ Слоу Фуд го сочинуваат луѓе кои ја претвораат традицијата во жива приказна. Преку својата работа, труд и љубов кон домашната храна, тие покажуваат дека вистинските вредности најдобро се чуваат кога се споделуваат.


