УГАНДИСКИОТ ЗЕМЈОДЕЛЕЦ ЕДВАРД МУКИИБИ ГО ВОДИ ДВИЖЕЊЕТО „СЛОУ ФУД“ НАДВОР ОД НЕГОВИТЕ ИТАЛИЈАНСКИ КОРЕНИ

📝Неодамна новинарката на Ројтерс, Алвизе Армелини, објави интересен текст за иднината на меѓународното движење „Слоу Фуд“ и неговиот нов лидер, угандискиот земјоделец и агроном Едвард Мукииби.

Движењето „Слоу Фуд“, основано во Италија во 1986 година од Карло Петрини како протест против ширењето на брзата храна, денес го предводи 39-годишниот Едвард Мукииби од Уганда. Иако во времето на основањето на движењето тој сè уште не бил роден, денес има задача да ја продолжи визијата на неговиот основач и да ја прошири мисијата на организацијата далеку надвор од нејзините италијански корени.

👨‍🌾Мукииби, кој живее и работи на семејната фарма во близина на езерото Викторија, каде што одгледува кафе и банани, смета дека принципите на „Слоу Фуд“ се особено важни за земјите во развој. Како што пишува „Ројтерс“, Карло Петрини „…Отсекогаш сакал „Слоу Фуд“ да продолжи без него“, додавајќи дека организацијата е подготвена да ја продолжи неговата визија бидејќи „тој нè негуваше, тој нè изгради“.

↗️Карло Петрини успеа локалниот протест против брзата храна да го претвори во глобално движење кое се залага за „добра, чиста и правична храна“ за сите.

Со текот на годините стана еден од највлијателните светски застапници за одржливо земјоделство, а неговите идеи добија поддршка и од личности како што е британскиот крал Чарлс и покојниот папа Франциск.

🐌Како претседател на „Слоу Фуд“ од 2022 година, Мукииби сака организацијата да одговори на современите предизвици – климатските промени, корпоративното земјоделство и сè потешката положба на малите производители на храна.

Еден од неговите главни приоритети е да ја разбие перцепцијата дека здравата, одржлива и органска храна е привилегија само на богатите.

🗣„Тоа е заблуда на богатиот свет“, вели Мукииби, посочувајќи дека многу рурални африкански семејства природно произведуваат и консумираат органска храна. Според него, вистинскиот предизвик е создавање систем во кој земјоделците ќе бидат праведно платени, а храната ќе остане достапна за сите. Затоа тој силно се залага за пократки синџири на снабдување и развој на локалните пазари.

‼️Осврнувајќи се на последиците од пандемијата, Мукииби истакнува дека таа само ја потврдила исправноста на долгогодишната порака на „Слоу Фуд“: „Јадење локално, градење локални економии и поддршка на локалното производство.“

🌎Денес „Слоу Фуд“ е присутно во повеќе од 160 земји преку мрежа од локални организации, земјоделци, производители и угостители кои работат на зачувување на локалната храна, традицијата и биодиверзитетот.

Во интервјуто за „Ројтерс“, Мукииби изразува и загриженост за сè поголемото економско влијание на Кина во Африка. Според него, кинеските инвестиции често се проследени со стремеж кон контрола врз природните ресурси.

„Кина е заинтересирана да дава многу пари, но и да добива контрола врз нашите ресурси за возврат“, вели тој, предупредувајќи дека задолженоста на африканските држави може да доведе до губење на земјиште и други ресурси. Од друга страна, кинеското Министерство за надворешни работи, во одговор за „Ројтерс“, соопшти дека кинеските инвестиции придонесуваат за економскиот развој на Африка и за подобрување на животниот стандард.

Мукииби ја поврзува својата животна мисија со детството поминато меѓу земјоделци и рибари во Уганда. По неуспешен универзитетски проект заснован на монокултурно производство на пченка, кој пропаднал поради суша, го открил движењето „Слоу Фуд“. Тој момент, како што самиот вели, бил „момент што му го променил животот“, бидејќи сфатил дека не е сам, туку дел од глобално семејство кое верува во поодржливо и поправедно земјоделство.

🗣„Не сум сам. Јас сум со семејство од милиони луѓе кои веруваат и работат кон истото. Ова е вистинскиот пат за планетата и за сите земјоделци“, порачува Едвард Мукииби.

Извор: https://www.reuters.com/world/china/ugandan-farmer-mukiibi-steers-slow-food-beyond-its-italian-roots-2026-07-15/

СЛОУ ФУД САЛОН: ВКУСОВИ ШТО ГИ НАСЛЕДИВМЕ, ПРИКАЗНИ ШТО ГИ ЧУВАМЕ

Македонија е земја на мераци, софри, гурманлуци и ќефови....

SLOW FOOD САЛОН 2026: ХРАНА ЗА СИТЕ!

📅 28 ноември, Хотел Континентал ✅️ Начинот на кој...

Сподели