СЛОУ ФУД РЕЦЕПТ: СИРЕЊЕ СО СМОКВА, ВО КОМБИНАЦИЈА СО МЕД И СЕЗОНСКО ОВОШЈЕ НА ДАВИД ОД Кози Млеко Планина

🧀 Сирење со смоква, една жива егзотика на Slow Food фармерот Давид Неделковски – Кози Млеко Планина од Раштак, е направено со еден од најстарите начини – со природно билно сириште од локално потекло.

Интересно, автентично и добро е да се забележи.

‼️Патем, било кое сирење што сега го имате дома, искомбинирано со мед и сезонско овошје, во овие изгор денови може да биде супер оброк.

Ова е само идеја – мал потсетник дека за убаво летно мезе понекогаш се доволни неколку автентични вкусови, плодови што ги носи сезоната и малку креаативност

⌛️Давид за сирењето со листови од смокви требаше да го дочека точниот момент во сезоната, кога растението ги има сите природни својства потребни за да го коагулира млекото и да го одвои сирниот дел од сурутката. Тоа е едно поинакво мерење на времето: не со часовник, туку со сезоната.

📝Овој пат сириштето е добиено од млади листови и плодови од смоква која живее во синергија со неговата бавча и е дел од неговиот мал екосистем.

🗣„Постапката и сознанието ми се напишани во трудот за “моето праисториско патување”, каде ги обработувам искуствата од правењето на најстарите начини на сирење кои се во исчезнување”– вели Давид.

Сириштето најчесто се прави со ензим кој се наоѓа во желудникот на младо јаре, јагне или теле. Токму тој ензим го коагулира млекото и ги одвојува тврдите материи – сирната смеса, од течните – сурутката.

↗️”Денес- раскажува Давид- најчесто го имаме во течна или прашкаста форма, произведено во лабораториски контролирани услови.

Но коренот на ова знаење е многу постар. Постојат и сиришта од габи, а низ историјата луѓето користеле и различни растителни извори за да го претворат млекото во сирење”.

☘️Младите листови од смоквата внесуваат нежна арома, па во секое залче се среќаваат млекото и смоквата – едноставно, суптилно и природно.

🌳А на самото финале, доаѓа најубавиот дел.

Давид сирењето секогаш го консумира на зелените пасишта, соочен со небото над и зеленилото- пред себе.

Вкусовите го инспирираат за нови гастрономски авантури.

📸Фотографијата зборува се: сирењето го искомбинирал со мед, малини, ореви, диви сливи, цреши, листови од дива шипинка и цветови камилица.

Рапсодија од убавини за сите сетила.

🐌Завршницата на овој интересен рецепт ја има Slow Food: најубавиот оброк не е оној со најмногу состојки, туку оној во кој секоја состојка си има свое време и своја приказна.

СЛОУ ФУД САЛОН: ВКУСОВИ ШТО ГИ НАСЛЕДИВМЕ, ПРИКАЗНИ ШТО ГИ ЧУВАМЕ

Македонија е земја на мераци, софри, гурманлуци и ќефови....

SLOW FOOD САЛОН 2026: ХРАНА ЗА СИТЕ!

📅 28 ноември, Хотел Континентал ✅️ Начинот на кој...

Сподели