КОГА КОРЕНИТЕ ЌЕ СЕ СТАВАТ НА ТРПЕЗАТА: РУРАЛНАТА ЖЕНА ВО СРЦЕТО НА “МЛЕКО 2026”

🐌Оваа саботата Прилеп повторно мирисаше на домашно сирење, мед, маџун, шумски плодови, традиција…. На платото кај Градскиот саат, по осми пат се одржа „МЛЕКО 2026: Корени и трпеза – руралната жена денес“, настан во организација на Slow Food Prilep, со поддршка на Slow Food Macedonia.

🎯Во центарот на годинашното издание беше руралната жена чии знаења најчесто се пренесуваат од поколение на поколение, чии раце го чуваат вкусот на домот а секојдневна работа е неразделен дел од животот во руралните средини.

👩‍🌾Токму преку неа, „МЛЕКО 2026“ ја отвори пошироката приказна за храната: за тоа од каде доаѓа, кој ја произведува и што е потребно за традиционалните знаења да продолжат да живеат.

🗣„Филозофијата на Слоу Фуд учи дека храната мора да биде добра, чиста и правична. А кој подобро го живее тоа правило од жената? Таа знае како да ја почитува земјата, како да го цени секое зрно и како со љубов да ја пренесе љубовта кон традицијата на трпезата“, изјави Лидерот на Слоу Фуд Прилеп, Филип Петкоски.

🧀На тезгите своите производи ги претставија голем број домашни производители, носејќи ги вкусовите и производите што се создаваат со многу знаење, труд и посветеност.

Посетителите имаа можност да вкусат и да купат козјо и овчо сирење, кашкавал, мед и други пчелни производи, ракија и вино, маџун, природна козметика и рачно изработени предмети.

Понудата ја надополнуваа сирупи од шумски билки и плодови, како и месни производи – колбаси, пршута, сланина и врат – свежо и преработено овошје и зеленчук.

💪 Во рамките на “МЛЕКО 2026” се одржа детско едукативно катче : Креативни работилници за најмладите со училиштето за странски јазици, панел-дискусија на тема „Агроекологијата, зелени иновации и женско претприемништво“, на која се отворија важни прашања за одржливото производство, новите пристапи во земјоделството и можностите за економско зајакнување на жените во руралните средини.

Следуваше и едукативна интерактивна работилница посветена на дигиталниот маркетинг, социјалните мрежи и вештачката интелигенција….

🥛Така, „МЛЕКО 2026“ ги спои корените со иднината – традиционалното производство со современите знаења, локалната храна со новите начини на комуникација, а руралната жена со новите можности за развој.

Во духот на принципите на Слоу Фуд – настанот потсети дека храната не е само производ што го ставаме на трпезата, туку и приказна за местото од кое доаѓа, за луѓето кои ја создаваат, за природата што ја храни и за знаењето што се пренесува низ генерациите.

💪”МЛЕКО 2026″ беше поддржан од Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, We Effect и Општина Прилеп.

СЛОУ ФУД САЛОН: ВКУСОВИ ШТО ГИ НАСЛЕДИВМЕ, ПРИКАЗНИ ШТО ГИ ЧУВАМЕ

Македонија е земја на мераци, софри, гурманлуци и ќефови....

SLOW FOOD САЛОН 2026: ХРАНА ЗА СИТЕ!

📅 28 ноември, Хотел Континентал ✅️ Начинот на кој...

Сподели