НА ТЕРА МАДРЕ ЕДУКАЦИЈА ЗА ДЕЦАТА: ОД ПРВИОТ ВКУС ДО КВАЛИТЕТНО ЗНАЕЊЕ ЗА ХРАНАТА

👨‍👩‍👧‍👦 На 16. издание на Тера Мадре во Торино, посебно место во програмата имаат децата и семејствата.

Во годината кога Слоу Фуд одбележува 40 години од своето основање, едукативните активности се посветени на создавањето здрав и одговорен однос кон храната уште од најрана возраст.

🫒 На 26 и 27 септември, во Платото на Кралската палата (Palazzo Reale) – Образовен простор, ќе се одржува работилницата „Добра, чиста и правична ужина“ (La merenda buona, pulita e giusta), наменета за децата и родителите. Работилницата е посветена на трите основни принципи на Слоу Фуд – храната да биде добра, чиста и правична.

Преку практична работа децата ќе се запознаваат со сезонската и локалната храна, квалитетот на намирниците, биодиверзитетот, начинот на производство и важноста од намалување на отпадот.

🧩 Инаку, сите работилниците ќе се одржуваат во исти термини : во 10:30, 15:00 и 17:00 часот, ќе траат по 90 минути, а сите се добредојдени.

🍞 На истата локација, на 26 и 27 септември во 12:30 часот, ќе се одржува работилницата „Galeotto Fud – Вкусови на биодиверзитетот“, што ќе ја води Марлена Бускеми, едукаторка на Слоу Фуд.

Преку леб, маслиново масло, ароматични билки и домати, децата ќе откриваат различни вкусови, традиционални производи и богатството на медитеранската гастрономска култура. Работилницата завршува со заедничка подготовка и дегустација на „брускети на биодиверзитетот“.

🪿🎲 Дел од едукативната програма е и големата игра со гуска посветена на Президиумите на Слоу Фуд, преку која децата на забавен и интерактивен начин ќе се запознаваат со традиционалните производи, нивното потекло и луѓето кои ги зачувуваат.

🤵‍♀️ Дел од програмата посветена на најмладите се и активностите на Андреа Сата и Лела Коста. Сата преку проектот „Мајки раскажувачки“ (Mamme narranti) ги поврзува приказните, храната, семејните сеќавања и традициите, додека Лела Коста со програмата „Меѓу нас има херои“ (Ci sono degli eroi tra noi) го истакнува значењето на луѓето кои ги зачувуваат и пренесуваат знаењата и традициите на следните генерации.

🐌Дел од програмата е и откривањето на Арката на вкусови, преку кои посетителите можат да запознаат производи, сорти и традиционални знаења на кои им се заканува исчезнување.

Овие содржини се дел од пошироката идеја на Арката на вкусови – да се зачуваат локалните производи, сорти и традиционални знаења што претставуваат дел од нашето прехранбено и културно наследство.

‼️ Сите овие активности испраќаат важна порака: едукацијата за храната започнува многу пред да седнеме на маса.

Децата преку вкус, игра, разговор и практична работа учат од каде доаѓа храната, кој ја произведува и зошто е важно да ги чуваме природата, локалните производи и биодиверзитетот.

🍼Дел од оваа идеја е и грижата за семејствата. Во близина на едукативниот простор ќе има и Baby Pit Stop – простор наменет за семејства со бебиња и мали деца, каде ќе можат да направат пауза за време на посетата.

🎭 Театарските претстави со Андреа Сата и Лела Коста, наменети и за возрасните и за децата, ќе се одржуваат во Импресивната сала на Gallerie d’Italia.

📝Од 24 до 27 септември, во центарот на Торино, Тера Мадре го потсетува светот за биодиверзитетот со важни факти: дека иднината на храната започнува со знаење, грижа и љубопитност уште од најраната возраст.

СЛОУ ФУД САЛОН: ВКУСОВИ ШТО ГИ НАСЛЕДИВМЕ, ПРИКАЗНИ ШТО ГИ ЧУВАМЕ

Македонија е земја на мераци, софри, гурманлуци и ќефови....

SLOW FOOD САЛОН 2026: ХРАНА ЗА СИТЕ!

📅 28 ноември, Хотел Континентал ✅️ Начинот на кој...

Сподели