ВО ТОРИНО СЕ СОБИРААТ 1.500 ДЕЛЕГАТИ ОД 125 ЗЕМЈИ: ШТО ЌЕ СЕ РЕШАВА НА ТЕРА МАДРЕ?

🐌По 16-ти пат, Тера Мадре Салоне дел Густо ќе го собере глобалното семејство на СлоуФуд, но годинава во центарот на вниманието не се само производителите, пазарот и дегустациите.

Во Торино ќе се одржи и Собранието на учесниците на Слоу Фуд, на кое ќе присуствуваат околу 1.500 делегати од повеќе од 125 земји.

🎯 Станува збор за собир кој се одржува еднаш на четири години и на кој делегатите разговараат за идната насока на глобалната мрежа на СлоуФуд: во четири фестивалски денови стои и сериозна работна агенда – средби, дискусии и одлуки поврзани со иднината на движењето и неговите активности во различни делови на светот.

✅️Делегатите доаѓаат од средини со сосема различни услови, но се соочуваат со многу слични прашања: како да се зачува биодиверзитетот, како да се поддржат малите производители, како да се заштити традиционалното знаење и како храната да биде достапна, одржлива и праведна.

📊Темите годинава се поставени токму во тој поширок контекст. Под мотото „Биодиверзитет – Биди различност“, Тера Мадре ја поврзува заштитата на природното богатство со културната разновидност и со луѓето кои со својата работа го одржуваат тоа богатство.

🌾Еден од важните делови на програмата ќе биде посветен на правото на храна и на прашањето како тоа право може да стане конкретна политичка и општествена активност.

Ќе се разговара и за улогата на домородните заедници во зачувувањето на биодиверзитетот, за иднината на земјоделството и за односот меѓу земјата, храната и мирот.

🏭Посебно место имаат и прашањата поврзани со градовите.

Како се хранат денешните градови? Каква улога имаат локалните пазари, урбаното земјоделство и јавните политики за храна?

Што може да се направи со отпадот од храна и како да се обезбеди подобар пристап до квалитетна храна?

👏Програмата ја надополнуваат меѓународни имиња од различни области: Сатиш Кумар ќе зборува за природата, духовноста и биодиверзитетот, Рај Пател за моќта и правдата во глобалните прехранбени системи, додека Алис Вотерс ќе ја отвори темата за храната како средство за образование.

🎤Ерик Шлосер, Џулијан Багини, Хелен Скејлс и Роберто Дановаро ќе учествуваат во разговорите во кои храната се поврзува со економијата, културата, морските екосистеми и односот кон природата.

🌍Настанот Тера Мадре годинава е посебен и поинаков, бидејќи целиот Торино станува голема светска сцена.

Плоштадите, музеите, театрите, рестораните и другите простори низ градот ќе бидат вклучени во програмата.

Делегатите и посетителите ќе можат да се движат низ градот, да учествуваат на различни средби и да ги запознаваат производителите и заедниците кои доаѓаат од различни делови на светот.

🎋Во денови на случување на Тера Мадре ќе се одбележат и 30 години од „Арка на вкусови“, преку кој Слоу Фуд со децении привлекува внимание кон локалните производи, сорти, раси и традиционални знаења, на кои им се заканува исчезнување.

Токму тука се гледа и поширокото значење на Тера Мадре.

Во Торино ќе се среќаваат луѓе кои ја произведуваат храната, ја истражуваат, ја готват, ја зачувуваат ама и разговараат за правилата и условите во кои таа се создава.

СЛОУ ФУД САЛОН: ВКУСОВИ ШТО ГИ НАСЛЕДИВМЕ, ПРИКАЗНИ ШТО ГИ ЧУВАМЕ

Македонија е земја на мераци, софри, гурманлуци и ќефови....

SLOW FOOD САЛОН 2026: ХРАНА ЗА СИТЕ!

📅 28 ноември, Хотел Континентал ✅️ Начинот на кој...

Сподели