СЕ Е ПОДГОТВЕНО ЗА 16. ИЗДАНИЕ НА ТЕРА МАДРЕ: ТОРИНО СТАНУВА СВЕТСКА ПРЕСТОЛНИНА НА ДОБРАТА, ЧИСТА И ПРАВИЧНА ХРАНА

🐌Се е подготвено за 16. издание на најголемиот фестивал на храна, Terra Madre Salone del Gusto, кој од 24 до 27 септември ќе го претвори Торино во светска престолнина на добра, чиста и правична храна.

📣Овојпат приказната е уште поголема – и буквално излегува на улиците. Тера Мадре го освојува срцето на Торино, меѓу историските плоштади, улици, палати, музеи, театри, ресторани и други градски простори. Темата е „Biodiversity – Be Diversity“, односно биодиверзитетот не само како прашање на природата и земјоделството, туку и како културна различност, традиција и право на различни заедници да го зачуваат сопствениот начин на живот и исхрана.

📝Бројките се импресивни. Во Торино пристигнуваа 1.500 делегати од мрежата Тера Мадре од повеќе од 120 земји – земјоделци, рибари, готвачи, домородни лидери, активисти, истражувачи, носители на политики и млади луѓе кои работат на иднината на храната.

На пазарот ќе бидат повеќе од 600 производители од Италија и од странство, со Президиуми на Слоу Фуд, производи од италијанската и светската Арка на вкусот, регионални колективи, улична храна и занаетчиски пиварници.

Италијанските производители се организирани по региони, за секој дел од земјата на едно место да ги раскаже своите вкусови, традиции и луѓето што ги чуваат.

🎋А има и уште една импресивна бројка: повеќе од 130 Президиуми на Слоу Фуд, од кои 12 се нови италијански проекти, како и повеќе од 300 италијански вински етикети поврзани со Коалицијата Слоу Вајн.

Тука се и околу 400 оператори од секторот, повеќе од 700 ученици вклучени во едукативните активности, над 500 волонтери и околу 300 активисти на Слоу Фуд од локалните здруженија.

🚦А каде се оди?

Пазарот ќе се протега низ Виа Рома, Пјацета Реале, Пјаца Кастело и Пјаца Виторио Венето, со дополнителни точки на Пјаца Сан Карло, Пјаца Карло Алберто и Пјаца К.Л.Н.

Само Виа Рома, една од главните артерии на Торино, долга околу 600 метри, ќе биде дел од големата гастрономска прошетка што го поврзува Пјаца Кастело со Порта Нуова.

🇮🇹И Тера Мадре не завршува тука. Настаните се шират низ целиот град – во кина и театри, аудиториуми, ресторани, училишта, музеи, градини и други простори. Програмата на Тера Мадре започнува на 21 и трае до 28 септември во Торино и Пиемонт, додека „Патот до Тера Мадре“ го ширеше патувањето од 1 мај па се до 20 септември.

🎯Во центарот на Торино ќе се мешаат мириси и јазици: леб, сирења, сувомесни производи, риби, мешунки, житарки, маслинки, кафе, какао, вино….

Освен дегустации идејата е да се слушне приказната “зад залчето” – кој го одгледал производот, кој го сочувал семето, кој ја пренел техниката, кое село или заедница стои зад него…

📊Ќе има стотици настани: конференции и дебати, лаборатории на вкусот, дегустации и вечери со производители и готвачи, сензорни игри, едукативни програми за деца и возрасни, средби со најразновидни мрежи на “Слоу ” како и посебни содржини посветени на кафе, какао, вино….

Меѓу главните меѓународни имиња на Тера Мадре се Сатиш Кумар, Раџ Пател, Алис Вотерс и Ерик Шлосер, а конференциската програма ќе отвори прашања за биодиверзитетот, климатските промени, правичноста во храната, образованието, мирот и иднината на прехранбените системи.

🎤За новинарите е отворен посебен Прес-центар и Биро за акредитации во Centro Studi Sereno Regis на Виа Гарибалди 13.

Акредитации се предвидени за новинари, фотографи, блогери и креатори на содржина кои известуваат за земјоделство, животна средина, храна, гастрономија и општествени теми.

↗️И можеби токму тука е најубавата страна на Тера Мадре: четири дена во Торино ќе разговара за храната од сите аспекти.

СЛОУ ФУД САЛОН: ВКУСОВИ ШТО ГИ НАСЛЕДИВМЕ, ПРИКАЗНИ ШТО ГИ ЧУВАМЕ

Македонија е земја на мераци, софри, гурманлуци и ќефови....

SLOW FOOD САЛОН 2026: ХРАНА ЗА СИТЕ!

📅 28 ноември, Хотел Континентал ✅️ Начинот на кој...

Сподели