ОТВОРЕНА TERRA MADRE 2026: ДА ЈА ИЗБЕРЕМЕ РАЗНОВИДНОСТА, А НЕ УНИФОРМНОСТА

ТОРИНО – Со силна порака за мир, заштита на природата и храна што ги поврзува луѓето- наместо да ги разделува, денеска во Teatro Regio во Торино свечено беше отворено 16. издание на Terra Madre Salone del Gusto.

Во градот пристигнаа околу 1.500 делегати од 125 земји, носејќи со себе различни јазици, култури, земјоделски традиции и приказни од сите делови на светот.

Годинашната тема – „Biodiversity- Be Diversity“ – е порака за зачувување на природата, ама и повик за почитување на човечката и културната различност.

Свеченото отворање го одбележа присуството на претседателот на Италија, Серџо Матарела и искрено сеќавање на човекот без кого Terra Madre годинава за првпат се одржува: основачот на Slow Food и идеолог на движењето, Карло Петрини, омилениот Карлин, кој почина во мај.

Неговото отсуство денес беше присутно насекаде.

Неговитете зборови:

„Кој сее утопија, жнее реалност” – беа насекаде, а публиката емотивно реагираше на секое спомнување на саканото име.

Од сцената на Teatro Regio, Матарела упати директна порака дека борбата за биодиверзитетот е, всушност, борба за иднината на човештвото.

„Биодиверзитетот е гигантско богатство што го штити човековото здравје, ја карактеризира животната средина и нашиот живот“, изјави италијанскиот претседател.

Тој предупреди дека без одговорност и грижа човекот може да ја уништи оваа природна разновидност а со тоа да се загрози и самиот себе.

„Биодиверзитетот е клучен предизвик за иднината“, порача Матарела.

Италијанскиот претседател ја поврза оваа тема со наследството на Петрини, потсетувајќи дека основачот на Slow Food го гледал биодиверзитетот како „клуч за нашето преживување“.

Градоначалникот на Торино, Стефано Ло Русо, ја нагласи посебната врска меѓу градот и Terra Madre и не пропушти да го спомене Петрини, човекот кој, како што истакна, имал ретка способност да зборува за сложени теми на едноставен и разбирлив начин и да поврзува луѓе од различни светови.

Токму тоа наследство денес е срцето на Торино.

Особено силна порака упати претседателот на Slow Food International, Едвард Мукиби.

За него, Terra Madre не е само саем и не е само фестивал на храната.

„Terra Madre е место каде што животите се менуваат, каде што се раѓаат пријателства, каде што заедниците наоѓаат сила и каде што обичните луѓе откриваат дека можат да бидат двигатели на промените.“

Мукиби ја раскажа и сопствената приказна.

Во 2008 година, како млад земјоделец од Уганда, првпат дошол на Tера Мадре а денес, тој е претседател на оваа глобална организација.

„Мојот пат е доказ дека тоа е можно. А гледајќи ја оваа сала, знам дека има уште многу вакви приказни…“

За Мукииби, наследството на Петрини не е зграда, организација или институција туку

жива глобална мрежа на луѓе кои веруваат дека е можен поинаков систем на храна и поинаков свет.

„Карло не научи дека е возможен подобар свет.

Тој го даде својот дел, а сега е на мене и на вас да ја продолжиме визијата и да ја претвориме во реалност“, порача Мукиби.

Ова издание на Тера Мадре има посебна тежина, бидејќи е првото по смртта на Карло Петрини, човекот кој од една идеја за подобра храна, создаде глобално: добро, чисто и правично движење.

На отворањето беше прочитана и порака од британскиот крал Чарлс III, кој го спомена Петрини и неговата посветеност на природата, одржливото земјоделство и локалните заедници.

Пред Матарела беше претставен и последниот проект поврзан со Петрини – Атласите на Arca del Gusto, во 18 тома со околу 1.450 производи загрозени од исчезнување: растителни сорти, животински раси, лебови, сирења, сувомесни производи и традиционални слатки.

Од денес до 27 септември, Торино повторно станува голема светска сцена на храната.

СЛОУ ФУД САЛОН: ВКУСОВИ ШТО ГИ НАСЛЕДИВМЕ, ПРИКАЗНИ ШТО ГИ ЧУВАМЕ

Македонија е земја на мераци, софри, гурманлуци и ќефови....

SLOW FOOD САЛОН 2026: ХРАНА ЗА СИТЕ!

📅 28 ноември, Хотел Континентал ✅️ Начинот на кој...

Сподели