Тера Мадре 2026: Три децении Арка на вкусови

Пред 30 години, на првиот Salone del Gusto во Торино, Слоу Фуд ја создаде Арката на вкусови – необичен “каталог” на храна што е загрозена од исчезнување, а воедно и полн со знаење, традиција и начини на производство што одат со неа.

На годинешната Terra Madre, Арката е еден од најсилните симболи на борбата за биодиверзитетот.

Нејзината сила е во неверојатната разновидност и во неа може да се најде автохтона австралиска слива со кисел и интензивен вкус, дивото кафе Racemosa од Јужна Африка, медот од Тапоа во Буркина Фасо, кој во 2019 година стана 5.000-тиот “патник” на Арката…

И бројките покажуваат колку оваа листа продолжува да расте.

Во 2024 година, Арката опфаќала 5.953 производи од 151 земја, а само во текот на таа година биле додадени уште 228 нови производи од 40 земји.

И токму тука е суштината на Арката: не се спасува само производот, туку целиот свет околу него – семето, расата, пејзажот, знаењето на производителот, рецептот и приказната на заедницата.

Интересно е што Арката не опфаќа само готови прехранбени производи. На неа се запишуваат и локални раси на животни, автохтони сорти овошје и зеленчук и диви видови, односно целото богатство на земјоделскиот и прехранбениот биодиверзитет.

На Terra Madre 2026, каде што главната тема е “Biodiversity – Be Diversity”, оваа порака добива уште поголема тежина.

Во Торино се собраа 125 земји, а биодиверзитетот е поставен во центарот на разговорот за иднината на храната.

Арката на вкусови забележани од Слоу Фуд Македонија исто така ги зачувува традиционалните производи и автохтоните сорти што се дел од македонското културно наследство: охридска цреша, тетовски грав, преспански циронки, маџун… Нејзината цел е да се заштитат старите сорти и традиционалните начини на производство од исчезнување, со што се зачувуваат македонската традиција, земјоделскиот биодиверзитет и богатото гастрономско наследство.

По 30 години, Арката не изгледа како музеј на исчезнати вкусови, туку личи на мапа на она што се уште можеме да го спасиме.

А најважното прашање е наједноставно: колку од вкусовите што денес ги сметаме за обични ќе постојат и по 30 години?

СЛОУ ФУД САЛОН: ВКУСОВИ ШТО ГИ НАСЛЕДИВМЕ, ПРИКАЗНИ ШТО ГИ ЧУВАМЕ

Македонија е земја на мераци, софри, гурманлуци и ќефови....

SLOW FOOD САЛОН 2026: ХРАНА ЗА СИТЕ!

📅 28 ноември, Хотел Континентал ✅️ Начинот на кој...

Сподели