📅 28 ноември, Хотел Континентал
✅️ Начинот на кој едно општество произведува, дистрибуира и ја продава храната, зборува многу за неговите вредности, солидарноста и односот кон човечкото достоинство.
И покрај огромното производство и изобилството на современиот свет, живееме во време на длабоки противречности: едните гладуваат, другите прекумерно трошат и забегуваат во декаденција а тони храна завршуваат во отпад.
Тоа е парадоксот на гладот среде изобилството.
Затоа, прашањето не е само колку храна произведуваме, туку, кому му е достапна, каков е нејзиниот квалитет и под какви услови стигнува до нашата трпеза.
👨🌾Нас традиција не учи на поинаков однос кон храната: почит кон замјата и нејзините плодови, на разумно искористување на намирниците и на искуството што се пренесувало со векови.
Во локалните производи, во стари домашни рецепти и автентични вкусови се чува дел од нашиот идентитет, но и драгоцено искуство што ќе послужи за поодговорно живеење.
👨💻Од друга страна, забрзаните технолошки текови и масовното производство го менуваат начинот на кој се создава храната, како се дистрибуира и најпосле- како се консумира.
Ама, технолошки напредок не значи и подобра храна.
Во трката по профитот најлесно се губи квалитетот, разновидноста и врската со нејзиното потекло.
Јадеме храна со сомнителен квалитет, непроверено потекло и поминат рок на траење.
🍞А што значи правична храна? Таа подразбира пристап до квалитетни и достапни намирници за сите, но и правичен однос кон оние што ја произведуваат.
Мали семејни производители, земјоделци и локални занаетчии заслужуваат видливост, поддршка и достоинствена заработувачка за својот труд. Нивната работа е придонес кон зачувувањето на локалното знаење, традицијата и вистинскиот вкус на нашата трпеза.
📣 Храна за сите, е овогодинешното мото на нашиот салон а поркатите што ќе ги упатиме се поврзани со достапноста на добра, чиста и правична храна!
💪Слоу Фуд салон 2026 го организираат Слоу Фуд Водно и Слоу Фуд Македонија со финансиска поддршка од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Шведска и We Effect.


