СЛОУ ФУД САЛОН: ВКУСОВИ ШТО ГИ НАСЛЕДИВМЕ, ПРИКАЗНИ ШТО ГИ ЧУВАМЕ

Македонија е земја на мераци, софри, гурманлуци и ќефови. Сончевина во која храната е повод за собирање, дружење, гостопримство и уживање.

👨‍👩‍👧‍👧Кај нас, трпезата отсекогаш била место каде што се раскажувале анегдотите, се пренесувале традициите и се чувала семејната блискост. Нашата кујна е вистинска гастрономска приказна создадена на крстопатот помеѓу цивилизациите, во неа се испреплетуваат старите балкански и словенски традиции, византиското и медитеранското наследство, како и влијанието од вековното османлиско присуство.

Одтаму ни се сармите, тави со мусака, ѓувеч, бурек, ќофтиња, полнети пиперки, пилав.., баклави, тулумби, кадаиф, алва, сутлијаш, турско кафе…, и други вкусови што со генерации ги уживаме и прилагодуваме на наш начин.

🍞🧀Во времето на комитите, секојдневната исхрана на селското население била едноставна: пченкарен или ржан леб, сирење, кромид, матеница, сезонски зеленчук и најспомнуваната- жетварска салата.

Во планинските услови храната морала да биде практична и лесна за носење, а сушените и трајните намирници имале посебна вредност.

Лебот и сирењето биле основа на многу оброци, а гравот и другите варива давале сила во долги и тешки денови.

🌶Натопени во сонце, нашето овошје и зеленчук се највкусни на светот, иако многу од нив патувале долго: пиперка, препознатлива за нашата кујна, пристигнала од Америка, а со тек на време станала една од нашите најголеми гастрономски страсти поради макало, толчени пиперки, ајвар, пинџур, лутеница, пиперки со урда, и што уште не.

🍯И токму тука е убавината на нашата традиција! Знаеме да го искористиме она што ни го дава природата и што е превкусно: домат, кромид, краставици, модри патлиџани, зелка, овошје: во лето ги јадеме пресни а во зима ги чуваме во тегли и буриња.

А со брашно, вода и малку умешност се прави пита, комат, зелник, питулици, ѓомлезе, тури потпечи…., се што мириса на дома и се што го имаме во колективната меморија.

🫘 И денес, во многу македонски семејства, петок мириса на гравче, недела на домашен ручек, а есента на штотуку направена зимница.

Можеби токму тоа е нашето најголемо богатство: сме ја сочувале традицијата и начинот на кој таа се создава, споделува и почитува.

🐌Слоу Фуд Македонија со Слоу Фуд Салонот што ќе се одржи на 28 ноември во хотел Континентал, потсетува дека зад секој автентичен вкус стојат земјата, производителот, традицијата и посветеноста.

Кога ја чуваме локалната храна, ги чуваме и нашите приказни, нашето наследство и иднината на следните генерации.

Ве чекаме да споделиме искуства, во последната сабота во месец ноември.

💪Настанот го организираат Slow Food Vodno и Slow Food Macedonia со финансиска поддршка од Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, Шведска и We Effect.

SLOW FOOD САЛОН 2026: ХРАНА ЗА СИТЕ!

📅 28 ноември, Хотел Континентал ✅️ Начинот на кој...

Тера Мадре 2026: Три децении Арка на вкусови

Пред 30 години, на првиот Salone del Gusto во...

Сподели