СЛОУ ФУД САЛОН 2026: ХРАНАТА ШТО ЈА ПАМЕТИМЕ, ЕВЕРГРИН ВРЕДНОСТИ ЗА ДЕНЕС, УТРЕ И ЗАДУТРЕ

📌 Петтото издание на Слоу Фуд салонот – „Храна за сите“, на едно.место ќе ги обедини производителите, автентичните вкусови и сите оние кои веруваат дека храната е многу повеќе од она што го принесуваме на трпезата.

Следната сабота (28 ноември), во хотелот „Континентал“ од 11 до 20 часот, не очекува ден исполнет со средби, нови сознанија, интересни разговори и многу поводи за уживање.

👍Ова е големо “финале” на годишните активности на Слоу Фуд: ќе ве пречекаат производители од сите наши конвивиуми со своите најдобри адути: млечни и сувомеснати специјалитети, превкусна зимница, сокови, производи од тартуфи, мед, маџун, маслиново масло, слатка, џемови и уште многу предизвици за гурманите. Тоа се вкусови што нè враќаат во детството, на домашната трпеза, во времињата кога храната имаше свое лице, име и приказна.

↗️ Но, Слоу Фуд салонот е многу повеќе од продажна изложба. Внимателно осмислена програма има богати и разновидни содржини: ќе се одржат мастер-класови за вино и дестилати, ќе се запознаате со различни пивски стилови, а преку Слоу Фуд миксологијата ќе откриете интересни коктел-комбинации подготвени со нашите Слоу Фуд пијалоци.

📢 Минатата година панел-дискусиите предизвикаа голем интерес кај посетителите и затоа продолжуваме со Слоу Фуд Арената – простор за разговори, идеи и размена на искуства.

🍽 Ќе го најавиме и следното издание на Слоу Фуд Гостилници, а ќе се потсетиме и на најдобрите гостилници од првото издание.

🐄 Ќе го имаме и Инфо дескот за нашите Слоу Фуд фарми, како и Слоу Фуд ѕидот, на кој ќе можете да оставите свој белег – да го напишете омилениот рецепт, мисла или порака за храната.

👏 Ќе имаме простор и за младинскиот активизам, за идеите и енергијата на младите кои сакаат да бидат дел од промените во системот на храна.

🎲 А најмладите ги очекува посебна авантура во детското катче „Не лути се полжавче“. Преку игра, ќе тргнат на необично патување низ минатото, сегашноста и иднината на храната и ќе откриваат свет во кој има многу повеќе од она што го гледаме на чинијата.

✅ ️Многу причини да ја резервирате следната сабота, да ги повикате пријателите и семејството и да поминете еден поинаков, вкусен и содржаен ден со нас.

Набавете си карти на:

https://mktickets.mk/event/slow-food-salon-2026/

🐌Пет години Слоу Фуд салон значи исто толку лета натопени во вкусови, приказни и заеднички славења на, добра чиста и правична храна!

💪Настанот го организираат Slow Food Vodno и Slow Food Macedonia со финансиска поддршка од Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, Шведска и We Effect.

СЛОУ ФУД САЛОН: ВКУСОВИ ШТО ГИ НАСЛЕДИВМЕ, ПРИКАЗНИ ШТО ГИ ЧУВАМЕ

Македонија е земја на мераци, софри, гурманлуци и ќефови....

SLOW FOOD САЛОН 2026: ХРАНА ЗА СИТЕ!

📅 28 ноември, Хотел Континентал ✅️ Начинот на кој...

Тера Мадре 2026: Три децении Арка на вкусови

Пред 30 години, на првиот Salone del Gusto во...

Сподели