Еди Мукиби е новиот претседател на Slow Food International

НовостиБавни вестиЕди Мукиби е новиот претседател на Slow Food International

Сподели

16 јули 2022 година ќе остане датум врежан во историјата на Slow Food. На овој ден, движењето на полжави го организираше својот осми меѓународен конгрес во Поленцо: историски момент на длабока промена и регенерација. Чекор силно посакуван од Карло Петрини, кој го основа ова движење пред повеќе од триесет години.

Со учество на делегати од пет континенти собрани на Универзитетот за гастрономски науки го избраа Одборот на директори, најважното тело за одлучување на организацијата, доверувајќи му на новото раководство задачата да ја води Слоу фуд низ бројните еколошки, климатски, политички и социјални предизвици кои ги предизвикува системот на храна.

Во исто време, конгресот го избра новиот претседател  на Slow Food International, доверувајќи му ја челната позиција на Едвард Мукиби млад земјоделец и социјален претприемач. Роден во Уганда во 1986 година, во истата година во која Петрини го основа движењето во Бра, Италија и од кого ја презема функцијата. Тој ја извршуваше функцијата потпретседател на Слоу Фуд од 2014 година до денес.

Мукииби е роден во областа Кисога, област на околу четириесет километри од главниот град на Уганда Кампала, некогаш рурална и посветена на земјоделството поради плодните почви и која стана важен трговски центар во последните децении. Неговото семејство отсекогаш управувало со фарма и Мукииби сакал да го продолжи бизнисот на неговите родители уште од мали нозе. Назначувањето за претседател на Слоу Фуд е признание за долгогодишната работа и посветеност на одржливоста и симбол на способноста и волјата да се обликува иднината на регенеративното земјоделство.

„Сега е вистинско време за обнова, зајакнување и регенерација. Дури и најмалите акции што ги спроведуваат нашите заедници се носители на конкретна надеж и генерираат позитивно влијание врз нашите животи, бидејќи ние сме глобално семејство: она што се однесува на еден од нас влијае на сите, без оглед на географските, социјалните и културните разлики“, посочи Едвард Мукииби во својот говор. „Како Слоу Фуд, важно е да се знае дека мала акција преземена локално може да има огромно влијание на друго место. Би сакал да го повикам секој од нас да работи со истиот дух на издржливост покажан за време на пандемијата, со истото чувство на припадност и солидарност, со цел да вклучи се повеќе луѓе во нашите активности. Целта останува иста: да се создаде систем на храна кој гарантира добра храна, чист и праведен за сите. Ова е нашата заедничка улога, ајде да ја прифатиме со убедување“.

Дипломирал земјоделство и управување со земјиштето на универзитетот Макерере во Кампала (Уганда), магистрирал гастрономија на Универзитетот за гастрономски науки во Поленцо: Едвард Мукииби е едукатор во областа на храната и земјоделството и е посветен на ширење и промоција на социјални проекти во овие области.

 Работата на Мукииби е насочена кон промовирање на одржлив, фер и праведен систем на храна, за што досега добил неколку престижни награди: меѓу нив, Наградата за одржливост од Универзитетот Дилард во Њу Орлеанс и почесна награда од Градскиот совет на градот од Детроит, САД. Едвард Мукиби, исто така, беше вклучен во категоријата едукатори на листата на награди 50 Следни на магазинот Форбс, која ги идентификуваше оние под 35 години кои ја обликуваат иднината на гастрономијата.

Нов Одборот на директори на Слоу Фуд

Конгресот го избра и новиот Одбор на директори на Слоу Фуд. Вклучува седум луѓе, четири жени и тројца мажи од различни делови на светот, група која е одраз на богатата различност што отсекогаш го разликувала движењето: Марта Меса (Италија), генерален секретар;  Ричард Мекарти (САД); Дали Ноласко Круз (Мексико); Јорит Киевик (Холандија); Мегуми Ватанабе (Јапонија); Франческо Сотиле (Италија); Нина Волф (Германија). Претседателот Едвард Мукииби е дел од Одборот на директори, додека Карло Петрини е член по право како основач.

Презентирани бројни предлози

Во текот на конгресот беа изнесени бројни предлози, резултат на процесот на досегашните дискусии меѓу членовите на движењето Слоу Фуд во светот во пресрет на Конгресот, доставени до новото раководство да преземе одговорност за нивното спроведување во текот на нивниот мандат. Меѓу презентираните документи, беа: посветеноста да се осуди и елиминира внатрешниот расизам во нашите општества, предлогот претставен од Америка и Карибите; улогата што жените можат да ја играат во регенерирањето на системот на храна, како готвачи, производители или потрошувачи, предложена од Феминистичкиот колектив на Латинска Америка; одбраната на земјата од грабање, на вода и семиња од целите на агробизнис мултинационалните компании, тема што особено се чувствува од мрежата ConoSur кои ги обединуваат заедниците на Чиле, Аргентина и Уругвај; мрежата Slow Food на Карибите инсистира на образованието како суштинска алатка за одбрана на нашето здравје и здравјето на планетата; додека Алис Вотерс, потпретседател во претходниот мандат, предлага да се прошири проектот за земјоделство поддржанo во училиштата на глобално ниво, нагласувајќи ја улогата што училиштата можат да ја играат во изборот на канали за снабдување со суровини за подготовка на училишни ручеци: училиштата всушност би можеле да бидат , промотори на тие промени на кои Слоу Фуд ги застапува веќе 35 години едноставно со поддршка на економијата на малите производители и земјиштето за кое се грижат преку применетите регенеративни практики; од младинското движење Slow Food Youth Network доаѓа барањето за поголемо лидерство на младите како мотор на транзицијата на храната;

На Еди и одборот на директори им посакуваме успех во водењето на нашето движење во годините што доаѓаат.

Да живее Тера Мадре!

Да живее Слоу Фуд!

#SlowFood #RegenerAction

Slow Wine Fair 2023: „Да“ за локалното вино со висок квалитет

Првиот знак за успешноста на настан од меѓународни рамки...

Slow Wine Fair 2023: Македонските вина на светската мапа со најдобрите винарии

Од денеска до вторник, 26-28 февруари, сите патишта водат...

Излезе третиот број на „Полжавче“

Семето-ркулец на животот е носечка тема на третиот број...