Денес е Меѓународен ден на биолошката разновидност. Биодиверзитетот како концепт може да изгледа комплицирано, но всушност е многу едноставен и многу близок до секој од нас. Биодиверзитетот, всушност е природата и самиот живот во сите негови форми.
Уште од своите почетоци, Слоу Фуд ја става заштитата на биодиверзитетот на храна во центарот на своите стратегии, бидејќи биодиверзитет не е само пандата или фоката кои се во опасност од исчезнување, исто така, Гвасон кокошката од Франција, Алпаџо овцата од Италија или Македонската медоносна пчела. Не е само Рунолистот во опасност од исчезнување, исто така, Балобар каперот во Шпанија, Пурен белата јагода во Чиле или нашата Буковска пиперка.
Дали некогаш сте забележале дека на пазарот може да се најдат само четири или пет сорти на јаболка? Сепак, постојат илјадници од целиот свет, различни по својата форма, боја и вкус. Дали знаете дека пченката е најпроизведуваниот земјоделски производ во светот, но во областите на производство можете само да најдете неколку видови, главно хибрид. Сепак, постојат безброј традиционалните сорти на пченка, Латинска Америка поседува извонредно богатството на гастрономско наследство поврзано со оваа храна. Во последните 70 години ние сме изгубиле 75% од јадливите растителни сорти, и заедно со нив, пејзажите, обичаите, рецептите и вкусовите. Неповратна и сериозна загуба.
Првиот Слоу Фуд проект создаден за да се спаси биодиверзитетот на храна е Арката на Вкусови, каталог на производи изложени на ризик од исчезнување: сорти на овошје и зеленчук, животински раси, но, исто така преработени производи како леб, сирење и ферментирани месни производи. Набргу потоа, се јавила потребата да се направи нешто повеќе и конкретно да им помогне на малите занаетчии, сточари, рибари и производители на сирење кои се чувари на овој биодиверзитет.
Така се создадени Президиумите, проекти кои директно ги поддржуваат заедниците на мали производители, а потоа постепено се креирани Пазарите на фармерите, Алијансата на готвачи и 10.000 градини во проектот Африка.
Вие исто така може да помогнете! Запознајте ја Вашата област: слушајте, разгледајте, разговарајте со производителите, вкусете и купете од нивните производи. Потоа запознајте се со други земји и региони. Откријте добра, чиста и правична локална храна. Разговарајте со постари луѓе кои се чувари на скапоценото локално знаење и побарајте млади претприемачи кои се враќаат во локалната средина.
Можете да направите многу работи заедно со нив: традиционалните производи може да се постават на Арката на вкусови, производителите може да се здружат во Президиум, а може да се организираат настани и проекти како Пазар на фармери и да се организираат едукативни работилници за вкус.
Битката да се спаси на биолошката разновидност не е било која битка.
Тоа е битка за иднината на планетата.
Секој од нас може да направи нешто, во нашата локална област, секој ден.
Не смееме да се застанеме на она што сме го изгубиле, да се фокусираме на она што се уште може да се спаси.