УТРИНСКИ: МАКЕДОНСКАТА ХРАНА ИМА ОДЛИЧЕН КВАЛИТЕТ

Прес прегледУТРИНСКИ: МАКЕДОНСКАТА ХРАНА ИМА ОДЛИЧЕН КВАЛИТЕТ

Сподели

Македонските земјоделски производи се одликуваат со одличен и посебен квалитет, а Македонија има со што да се пофали кога станува збор за земјоделството. Со овие зборови министерот за земјоделство, Љупчо Димовски, го отвори саемот за широка потрошувачка „Агрофуд 2012“. Во две хали на „Скопски саем“ ќе се претстават најновите земјоделски машини, насади и вештачки ѓубрива, како и достигнувања во органската храна, а ќе се претстават компании од Македонија, Бугарија, Италија, Србија, Грција и од Словенија. Првпат оваа година ќе биде поставен и проектот „Слоу фуд Македонија“ во кој ќе се подготвува здрава традиционална храна.

Министерот Димовски потсети дека во рамките на петгодишната програма за поддршка за земјоделство и рурален развој за пет години се планирани 725 милиони евра субвенции за производителите.
За поголема препознатливост и афирмација на македонските земјоделски производи е изработена и посебна програма за настап на најзначајните светски саемски манифестации.

На отворањето на саемот, Прокредит банка прв пат годинава додели и награди за најпроактивен земјоделец во категориите житни култури, производство на грозје и овошје, сточарство, раноградинарско и органско производство. Наградените добија по 150 илјади денари, средства што ќе може да ги искористат за купување земјоделска механизација или како обртен капитал. Во рамки на саемот се одржува и изложбата „Екоетно Македонија“ каде што ќе се претстават руралните општини од Македонија, нивната култура, храна и фолклор. (Ек.Р.)

Извор: http://www.utrinski.mk/default.asp?ItemID=A6CCBF76364D8A4D9D7A12E657DCDCC3

Slow Wine Fair 2023: „Да“ за локалното вино со висок квалитет

Првиот знак за успешноста на настан од меѓународни рамки...

Slow Wine Fair 2023: Македонските вина на светската мапа со најдобрите винарии

Од денеска до вторник, 26-28 февруари, сите патишта водат...

Излезе третиот број на „Полжавче“

Семето-ркулец на животот е носечка тема на третиот број...