Кукурику.мк: По фестивалот на сочни фигури одржан вчера

Прес прегледКукурику.мк: По фестивалот на сочни фигури одржан вчера

Сподели

Фестивалот на сочни фигури се одржа по втор пат како завршница на проектот “Здрави навики преку здрава храна”. Завршната манифестација се одржа во скопското училиште “Св. Наум Охридски” вчера.
Целиот фестивал се состоеше од три целини: работилница, галерија и едукативно предавање за темата на проектот.
Целта на фестивалот е едукација на најмладите за употреба на здрава храна од локално потекло, но и дружење на учениците од различни етнички заедници, преку изработка на фигури од овошје и зеленчук од наше производство.
И како најважна цел е прифаќањето на децата кои имаат потреба од малку поголемо внимание, отколку од другите.
Меѓу присутните се појавија првата дама г-ѓа Маја Иванова и Амбасадорот на Словачка во Македонија г-н д-р Роберт Кирнаг.

Организаторите на фестивалот, Конвивиумот “Св.Наум Охридски“ – Скопје кој е најмладиот член на светската мрежа на Slow food во Република Македонија, од 1. септември наваму посетиле основни училишта во повеќе скопски општини (Сарај, К. Вода, Чаир, Аерпдром, Ѓ. Петров и Центар), каде што и конкурирале со проектот на нивна објава и добиле симболична сума за реализација на истиот. Но, задоволни се од постигнатото, па фестивалот го подготвуваат и за наредната година.

Инаку, Slow food е глобална организација со приврзаници во 150 земји низ целиот свет, кои ги поврзува задоволството кое го пружа вкусот на добрата храна со посветеност кон нивната заедница и средина. Организацијата се состои од непрофитни членки поврзани во асоцијација.
Slow food беше основана во 1989 година да се спротивстави на порастот во застапеноста на конзумирањето на брза храна и брзиот живот, исчезнување на локалната храна и традиции и смалувањето на интересот на луѓето за храната, нејзиното производство, потекло, разновидноста на вкусовите и како нашaте храна влијае на остатокот од светот.

Денес, организацијата има над 100.000 членови кои членуваат во 1300 конвивиуми (локални ограноци на Slow food во светот), како и мрежата на 2.000 заедници за производство на храна кои практикуваат мало и одржливо производство со задржување на квалитетот на храната. Нивен примарен интерес, покрај основните начела на Slow food организацијата, е обуката на деца со ограничувања во психичкиот и физичкиот развој за самостојно подготвување на храна и развивање на свеста за здравите и хигиенските навики во кујната.
Кај нас, седиштето на конвивиумот се наоѓа во просториите на ДСУ за рехабилитација и образование “Св.Наум Охридски” (до Агенцијата за вработување).
Погледнете што направија вредните рачиња на децата од основните училишта во Скопје, кои гостуваа на фестивалот.

www.kukuriku.mk

Slow Wine Fair 2023: „Да“ за локалното вино со висок квалитет

Првиот знак за успешноста на настан од меѓународни рамки...

Slow Wine Fair 2023: Македонските вина на светската мапа со најдобрите винарии

Од денеска до вторник, 26-28 февруари, сите патишта водат...

Излезе третиот број на „Полжавче“

Семето-ркулец на животот е носечка тема на третиот број...