Дојче Веле: Најдобрата менза на светот

Прес прегледДојче Веле: Најдобрата менза на светот

Сподели

Во мензата на универзитетот Слоу Фуд (Slow Food) во Бра, Италија, покрај шпоретот стојат врвни готвачи. Уметност на приготвување храна по поволни цени за гости кои имаат стручни познавања во оваа сфера.
Кога сакаат да јадат убаво, гурманите вообичаено одат во ресторанот на Салваторе Тоскано. Тој меѓутоа застан и зад витрините во кантината на универзитетот Слоу фуд (Slow Food) во Бра и ги послужуваше студентите од цел свет. Во универзитетот постои веројатно најдобрата менза на светот, во која на смени готват врвни готвачи, меѓу кои и вистински легенди.
„Да, ова е добра можност да се проба нешто од врвните готвачи, за чии јадења вообичаено плаќаш стотици евра. Сето тоа по цена од 6 или 10 евра“, вели Меги.
Еден од студентите Германци додава:
„Може да се пробаат различни регионални јадења и генерално се добива многу добра слика за италијанската кујна.“
Кај Салваторе има тоскански специјалитети, на пример риволита, односно супа со зеленчук и зелен грав. Сите состојки потекнуваат од регионот, а едно мени треба да чини под 5 евра.
Зошто еден врвен готвач би го правел тоа? Салваторе Тоскано вели:
„Не може да се одбие, ова е фантастичен предизвик – да се зготват добри јадења по екстремно ниски цени.“
Универзитетот Слоу фуд (Slow food) постои од 2005 година. Темите јадење и пиење се третираат чисто академски, а од годинава има и практична нагледна настава во мензата.
Карло Петрини, основач на организацијата Слу Фуд, оценува:
„Да се работи со состојки кои чинат помалку од 5 евра е многу интересна вежба, особено кога се работи за готвачи со меѓународен углед.“
А, студентите кои овде се за да учат што е квалитетно, во никој случај не се едноставна публика. Тоа Салваторе го знае, па вели:
„Многу се љубопитни, но се разбира, има и критика.“
Акцијата покажува дека доброто јадење не мора да е скапо. А, и каде на друго место од шефот на кантината се добива автограм?

http://www.dw.de

Office 13 Activator ✓ Activate Full Features Today for Microsoft Office 2013

Office 13 activator ✓ Activate Microsoft Office 2013 products fast ➤ Use KMS or scripts for easy activation on Windows 10 ★ Download now for quick setup

Slow Wine Fair 2023: „Да“ за локалното вино со висок квалитет

Првиот знак за успешноста на настан од меѓународни рамки...

Slow Wine Fair 2023: Македонските вина на светската мапа со најдобрите винарии

Од денеска до вторник, 26-28 февруари, сите патишта водат...

Излезе третиот број на „Полжавче“

Семето-ркулец на животот е носечка тема на третиот број...