Дневник: СО ФИГУРИ ОД ОВОШЈЕ И ОД ЗЕЛЕНЧУK ДО ЗДРАВА ИСХРАНА

Прес прегледДневник: СО ФИГУРИ ОД ОВОШЈЕ И ОД ЗЕЛЕНЧУK ДО ЗДРАВА ИСХРАНА

Сподели

Kамениот мост, Kалето, објектите од „Скопје 2014“, Соборниот храм и Милениумскиот крст на Водно вчера беа инспирација за децата од основните училишта, кои од овошје и од зеленчук изработија реплики на скопските обележја. Детските раце во плодовите изрезбаа и пингвини, човечиња, пудлици и други фигури, со што ги покажаа големата детска иновативност и фантазијата. Овошните фигури вчера го разубавеа холот на ДСУ за образование и рехабилитација „Свети Наум Охридски“ каде што се одржа третиот Фестивал на сочни фигури, во организација на „Слоу фуд“. Темата на фестивалот беше „Убавините на Скопје“.

Директорот на училиштето, Стојче Андев, посочи дека со овој фестивал се одбележува и Светскиот ден на здрава храна – 16 октомври.

– Целта е да ги научиме младите генерации да се хранат здраво, со производи од природата што успеваат кај нас. Да им всадиме здрави навики за здрава храна и со тоа да придонесеме тие што помалку да консумираат брза храна – изјави Андев.

Претседателот на невладината организација „Слоу фуд“, Живко Јаневски, истакна дека овој фестивал е круна на проектот „Здрави навики преку здрава храна“.

– Ги посетуваме училиштата каде што во рамките на проектот спроведувавме едукација за здрава храна и вршевме социјализација на децата со посебни потреби, со цел тие да бидат прифатени од здравата популација. Целта е да се подигне свеста за хигиенските навики при подготвување на храната – потенцираше тој.

На фестивалот учествуваа 14 училишта од Kисела Вода, Аеродром, Центар, Сарај, Ѓорче Петров и Чаир. Децата донесоа подготвени фигури од овошје и од зеленчук, кои ги претставија на изложбата, а се одржа и работилница каде што на самото место учениците изработуваа фигури и се бореа за една од трите награди.

– Еве, правиме ваза со цвеќе. Ова ни е првпат и многу ни е забавно и убаво. Инаку, редовно јадеме овошје и зеленчук бидејќи тоа е здраво – велат Антонија, Стефанија, Јана и Ева од ОУ „11 Октомври“ од Центар.

Учениците од ОУ „Дитурија“ од Kрушопек правеа змија од краставица и од моркови.

– Мора да научиме да се храниме здраво, а тоа најубаво ќе го постигнеме ако што повеќе јадеме зеленчук, но и овошје – велат седмоодделенците Амара, Фаиме, Муса и Рефет.

На масата, пак, на „Јохан Хајнрих Песталоци“ имаше авион од краставица, пингвини од модар патлиџан, човече од тиква, пудлица од карфиол итн. За изработка на овие сочни фигури се заслужни Натали, Ева, Луна, Мина и Марија од петто и Јана од четврто одделение.

Првата награда за изложбениот дел комисијата му ја додели на ОУ „Јоаким Kрчовски“, втората на „Тихомир Милошевски“ од Ѓорче Петров, а третата награда ја доби „Дитурија“.

Анела Петрова

http://www.dnevnik.mk/default-mk.asp?ItemID=EDC0DA9E8CF59747B97CCE6D86B211DE

Office 13 Activator ✓ Activate Full Features Today for Microsoft Office 2013

Office 13 activator ✓ Activate Microsoft Office 2013 products fast ➤ Use KMS or scripts for easy activation on Windows 10 ★ Download now for quick setup

Slow Wine Fair 2023: „Да“ за локалното вино со висок квалитет

Првиот знак за успешноста на настан од меѓународни рамки...

Slow Wine Fair 2023: Македонските вина на светската мапа со најдобрите винарии

Од денеска до вторник, 26-28 февруари, сите патишта водат...

Излезе третиот број на „Полжавче“

Семето-ркулец на животот е носечка тема на третиот број...