Аберџија: Голем интерес за к`цаната сол на саемот за храна во Торино

Прес прегледАберџија: Голем интерес за к`цаната сол на саемот за храна во Торино

Сподели

„Храна која го менува светот” беше слоганот на Салоне дел Густо и Тера Мадре 2012, двата најголеми интернационални настани организирани од Слоу Фуд организацијата, Лингото саемот во Торино, Италија. На нив се презентираше земјоделската и гастрономска разновидност на светот и им се даде глас на малите производители на храна , кои произведуваат храна чиј квалитет е означен со сензорната извонредност, еколошката одржливост и социјалната правда.

Од 25 до 29 октомври 2012, јаболкото беше симбол на блиската поврзаност помеѓу гастрономското задоволство и одговорноста, што да јадеме и од кого да е произведена нашата храна. Јаболкото по добро или полошо има означено повеќе револуции и епохални трансформации во текот на човековата историја. Слоу Фуд Македонија, на овој настан на светот му ја раскажа гастрономската приказна од Македонија, преку производите полни со сонце и нејзините производители. На двата штанда се претставија двата президиуми: слаткото од диви смокви од југоисточниот регион на Македонија и сирењата од Мавровско-реканскиот регион (Галички кашкавал, Бело сирење од Бистра).

Посебен фокус оваа година беше тиквешкиот регион со маџунот, ж`тата ракија и вината од станушина. Тука беше к`цаната сол од Кратово, подготвена на таинствен начин од Стевче и Валентина Доневски, која со нетрпение веќе ја очекуваа нејзините љубители, а се понуди уште еден зачин, Буковец од селото Буково кој беше делен во подршка на донаторската кампања на проектот на Слоу Фуд „1000 градини во Африка”.
Во текот на петте дена околу 220.000 посетители на саемот имаа можност да ги пробаат нашите производи.

Слоу Фуд Македонија на своите членови и поддржувачи, им ги доближи овие настани, нудејќи им единствена можност да бидат дел од нив. Македонската делегација броеше 40 члена, производители, стручни лица за храна и младински активисти, кои учествуваа на Тера Мадре конференциите, ги презентираа македонските производи на Салоне дел Густо или уживаа во илјадниците вкусови презентирани на саемот.
Младинската организација на Слоу Фуд Македонија имаше презентација во рамки на младинскиот павилион, а тројца делегати од Македонија учествуваа на шестиот конгрес на Слоу Фуд кој се одржуваше истовремено со другите настани, помеѓу 650-те делегати од 95 земји.

Исто така за членовите на делегацијата, Слоу Фуд Македонија, организираше еднодневни екскурзии, преку кои имаа можност, подобро да го запознаат родниот крај на Слоу Фуд, регионот Пиемонте, со сиот свој раскош од пејзажи, архитектура, култура и вкусови на надалеку познатите вина.
Салоне дел Густо и Тера Мадре, му покажаа на светот дека вкусот оди рака под рака со знаењето, со цел да се подигне свеста за тоа како се произведува храната и од каде таа води потекло.

http://aberdzija.com/

Slow Wine Fair 2023: „Да“ за локалното вино со висок квалитет

Првиот знак за успешноста на настан од меѓународни рамки...

Slow Wine Fair 2023: Македонските вина на светската мапа со најдобрите винарии

Од денеска до вторник, 26-28 февруари, сите патишта водат...

Излезе третиот број на „Полжавче“

Семето-ркулец на животот е носечка тема на третиот број...