Денеска во Старата скопска чаршија, младите од невладината оганизација „Слоуфуд“ организираа ликовна колонија на тема „Стоп ГМО со уметност“.
Преку цртежи, студенти од Факултетот за ликовни уметности и ученици од Средното уметничко училиште го изразија револтот против генетски модифицираната храна (ГМО). Заедно со изложбата беше отворен и едукативен штанд со информации за влијанието и штетноста на генетски модифицираната храна.
ГМО се добива кога се менуваат гените на растенијата и гените на животните. ГМО не настанува природно, па затоа нашиот организам го препознава како туѓо тело и реагира со создавање на разни болести.
Здружението за заштита, промоција и едукација за храна „ СЛОУ ФУД МЛАДИ – МАКЕДОНИЈА“ – Скопје е здружение кое ги обединува младите за промоција и поддршка на традиционална храна.
Извор: http://republika.mk/?p=72573
