INSTORE.MK: Македонија: Прва конференција за биодиверзитет на млекото

Прес прегледINSTORE.MK: Македонија: Прва конференција за биодиверзитет на млекото

Сподели

Првата конференција „Биодиверзитет на млекото” ќе се одржи на 16 октомври (четврток) по повод Светскиот ден на храната, во просториите на Факултетот за земјоделски науки и храна во Скопје.
Конференцијата се реализира во рамките на кампањата „Да го зачуваме биодиверзитетот на млекото”, организирана од „Слоу фуд” – Македонија и проектот ЕССЕДРА, финансиран од ЕУ, во соработка со Факултет за земјоделски науки и храна , Скопје.

Ова е прв поголем настан каде што производителите, експертите, граѓанските организации и претставници на институциите ќе ги презентираат и ќе дискутираат за актуелните прашања поврзани со биодиверзитетот во сточарството, производството на млеко и преработката на млечни производи од страна на малите семејни производства и политиките што го засегаат секторот.

На агендата се предвидени три сесии со повеќе теми, традицијата и сточарството, автохтони млечни производи, локални видови и раси на домашни млекодајни животни, актуелни политики за зачувување на екстензивното сточарство во руралните средини, состојба и перспективи, заштита на географското потекло, пристап до пазарите и хигиенската регулатива за традиционалните производства на сирење исл.

Во Македонија млекото и преработките од млеко отсекогаш биле значаен производ што произлегува од руралните средини, имајќи ја во предвид традицијата на одгледување на млекодајни животни и производство на млечни производи. Иако сè уште се барани на пазарот, производството на овие производи полека одумира поради намалувањето на бројот на лицата кои се занимаваат со оваа дејност, намалувањето на сточниот фонд, отсуството на целосни механизми за поддршка и стимулација на производството, посочуваат организаторите.

Како резултат на тоа денес бројот на животни се намалува, исчезнуваат видови (водени биволи), раси (шарпланинска овца, каракачанска овца), изумира традиционалното производство на кашкавал и знаењето на мајсторите-мандраџии.

Извор:http://www.instore.mk/newsarticle/newsarticle/Prva-konferencija-za-biodiverzitet-na-m1083ekoto

Office 13 Activator ✓ Activate Full Features Today for Microsoft Office 2013

Office 13 activator ✓ Activate Microsoft Office 2013 products fast ➤ Use KMS or scripts for easy activation on Windows 10 ★ Download now for quick setup

Slow Wine Fair 2023: „Да“ за локалното вино со висок квалитет

Првиот знак за успешноста на настан од меѓународни рамки...

Slow Wine Fair 2023: Македонските вина на светската мапа со најдобрите винарии

Од денеска до вторник, 26-28 февруари, сите патишта водат...

Излезе третиот број на „Полжавче“

Семето-ркулец на животот е носечка тема на третиот број...